ТРТ Историјат

 

Турската радио Телевизија ТРТ е основана на 01.05.1064 година со цел реализација на државните радио телевизиски емитувања со специјален закон и со статус на автономно правно лице.Со промена на уставот во 1972 година институцијата се дефинира како непристрасен јавен сервис.

Во склад со уредбите на Уставот од 1982 и 1984 година Турска Радио и телевизија ТРТ повторно се реорганизира. По сателитските емитувања во 1986 година и по појавата на мноштвото приватни телевизиски канали кои започнаа со емитување на целата територија на Турција се укинува монополот на ТРТ и тоа се до 1990 година.

Со измена на член 133 од Уставот од 1993 година започна емитувањето на слободните приватни радио и телевизиски канали со што ТРТ воспостави своја автономија.ТРТ која емитува непристрасно и навремено во согласност со одредбите на Уставот како јавен радио и телевизиски севрвис пружа услуги од областа на слободното информирање.

 

 Пред да се формира ТРТ овие први радио емитувања беа реализирани под покровителство на  Türk Telsiz Telefon A.Ş во 1964 година под чадорот на ТРТ. После емитувањето на Радио Истанбул на 06.05.1927 година, следната година започна да емитува и Радио Анкара. Двете радио станици на 08.09.1936 година беа предадени на ПТТ. Откога беа предадени на ПТТ, приемниците на радијата во Истанбул и во Анкара се засилија на 28.10.1938 година. Радиото во Истанбул извесен период престана со емитување, за да повторно продолжи на 19.11.1949 година. После Втората светска војна радијата беа поврзани со Генералната дирекција за медијско емитување туризам и информирање. Радиото во Измир започна со емитување во 1950 година во рамките на општината, за подоцна од 1953 година да работи во кругот на Генералната дирекција за медијско емитување туризам и информирање.

По 1960 година во 8 градови ширум Турција беа отворени радио станици.Во согласност со Уставот од 1961 година со кој што се бара автономија и непристрасност во радио емитувањето и со Законот 359 од 1964 година радио емитувањата која што беа остварувани под чадорот на ТРТ со зајакнување на приемниците добија многу поголем број на слушатели. Во 1974 година со спојување на централните и локалните радија на ТРТ дојде до отворање на радио станиците ТРТ-1, ТРТ-2 и ТРТ-3.

Телевизиските емитувања започнаа на 31 јануари 1968 година со првите тест емитувања од студијата во Митхатпаша во Анкара и тоа со говорот на Махмут Тали Онгорен. Првите емитувања на телевизијата се реализираа 3 дена во неделата од по 3 часа,за да потоа после година дена се зголемат на 4 дена во неделата. Во 1970 година започна да работи студиото на телевизијата во Измир а година дена потоа во 1971 година и телевизиското студио во Истанбул.

Преку малите екрани беше прикажано одењето на астронаутите на Месечината во 1969 година,концертите на Зеки Мурен во Анкара, како и погребот на 2. Претседател на Република Турција Исмет Инени во 1973 година. Преку малите екрани на ТРТ цела Турција беше известена за започнувањето на мировната воена операција на Кипар во 1974 година на 20 јули. Следната 1975 година беше реализиран телевизиски пренос од Евровизијата, во 1978 година со користење на подводни камери за прв пат беше снимен подводен документарен филм „Минатото на длабочините“ во боја, во 1979 година за прв пат беше организиран фестивалот Празник на детето 23 април со учество на 133 деца од 31 земја.

1974 година телевизиските емитувања веќе се реализираа секој ден во неделата. Се верува дека во тоа време телевизиските емисии на ТРТ ги гледаа 55 посто од целата популација или 19 милиони, и тоа на површина од 28 посто или 210.862 квадратни километри.

 На десет годишнината од запознавањето на Турција со телевизијата, бројот на регистрираните тв приемници во ПТТ изнесуваше 2.250 000. Центарот за поврзување со Евровизијата,кој што располага со капацитет за координирање од земјата со странство, емитување, снимање и фикцијата стапи во погон во 1982 година. Емисиите чии часови на емитување се зголемуваа од ден на ден од 31.12.1981 година започнаа да се емитуваат на екраните во боја, а во 1984 година во потполност се премина кон емитување во боја на сите емисии.

1986 година се отвори вториот канал ТРТ-2. Во 1987 година преку сателитот Интелсат започна емитувањето на ТРТ-1, ТРТ-2 каналите и тоа на целата територија на Турција. 1989 година со отворањето на третиот телевизиски канал ТРТ-3, и каналот ГАП-ТВ дојде до зголемување на бројот на каналите. 1990 година започна да функционира каналот ТРТ-4 како образовен канал и каналот ТРТ Инт кој што претежно беше наменет за Турците во странство. Во 1993 година се отвори телевизискиот канал  ТРТ-Аврасја, канал чии програми беа усмерени кон Кавказот и кон Централана Азија а во 1995 година се отвори каналот ТБММ ТВ,познат како Собраниски канал.

1998 година се отвори првото биро на ТРТ во странство, бирото во Берлин. Потоа следуваше отворањето на бироата во Туркменистан/Ашкабат (1999), потоа во Баку/Азербејџан ( 2000), Каиро во Египет , и во Брисел во Белгија ( 2002), а нешто потоа се отвори бирото на ТРТ во Вашингтон /САД ( 2004). Истата година се отвори бирото во Ташкент,Узбекистан.

1999 година се формира ТРТ САЈТЕК (Центар за дигитално емитување) како и веб страницата на јавниот радио и телевизиски сервис  www.trt.net.tr.

 2003 година ќе остане забележана како незаборавна година како за нашата куќа така и за Турција. Таа година Турција победи на 48. Песна на Евровизија со композицијата ¨Every Way That I Can¨ со изведбата на Сертаб Еренер.

Јавниот сервис кој што забележуваше успеси во своето работење како во земјата така и во странство во 2004 година ја потпиша спогодбата со  АБУ Унија на емитери од Азиско –Пацифичкото подрачје.

 Во 01.01.2009 година започна со емитување каналот ТРТ6 кој што емитува исклучиво на курдски јазик.Потоа следуваше отворање на детскиот канал TRT Çocuk; 01.11.208 година .

 На 20.11.2008 година беше формиран www.trtworld.com со емисии на 31 јазик и со нова визија го зазеде 5.место во светот меѓу светските емитери. Денес емисии со разновидна содржина се емитуваат на 41 јазик.

Како заеднички глас на туркофонските републики од 27 земји од регионот на Блискиот исток и 13 туркофонски држави од 21.03.2009 година е пуштен во употреба телевизискиот канал ТРТ Аваз,кој што пристигнува до географските подрачја каде што живеат 250 000 луѓе. ТРТ Аваз со своите програмски содржини емитува на азербејџански турски јазик, на казачки,узбечки и туркменски јазик и со времето се претвори во заеднички канал на сите земји и гледачи од овие простори.

ТРТ Турк започна со емитување на 08.05.2009 година и тоа со идентитет на информативно-културен канал на турски јазик.Истата година со тест емитување започна да работи каналот ТРТ Анадолу како заеднички канал на ТРТ и локалните телевизии. ТРТ Анадолу за време на Рамазан 2012 година се трансформира во ТРТ Дијанет кој што непрекинато емитува 24 часа во денот. На 16 ноември 2009 година започнува да емитува музичкиот канал ТРТ Музик .

Телевизискиот канал ТРТ Белгесел(документарен) започнува со емитување на 17.10.2009 година со слоганот :Дали сте спремни да сведочите? Каналот емитува на 5 јазици:англиски, германски, француски,руски и турски јазик.

2009 година започнува со емитување Радио6, ТРТ Нагме,ТРТ Анкара Кент Радио , ТРТ Турку и ТРТ Европа ФМ.

Со потпишување на протоколот за соработка со  Еуронјуз ТРТ стана голем партнер .Овој канал функционира од 2010 година со турскиот јазик како девети јазик на емитување.

На 18.03.2010 година со емитување започнуваат каналите ТРТ-Хабер, ТРТ-Еттуркије на арапски јазик со цел да се претвори во најгледан канал во арапските држави. Каналот во 2015 година го менува името во ТРТ Ел Арабиа.

Каналот ТРТ ХД емитува најквалитетни програми со најсовремена технологија а се сконцентрира на спот емисии и документарни програми.

Каналот ТРТ Спорт започна со емитување во август 2010 година и ги емитува сите важни државни и меѓународни спортски настани било во живо или снимки.

Каналот ТРТ Окул започнува со емитување во јануари 2011 година и е збогатен со културно образовни програми наменет за сите возрасти особени за ученици и студенти.

Денес ТРТ под свој чадор собира 14 телевизиски канали, 5 национали, 5 регионални,3 локални. Освен тоа располага со веб страница trt.net.tr и www. trtworld.com, која што се подготвува на 41 јазик, телетекст емитување и печатено издание „Телевизјон“  „ ТРТ Чоџук“и „Радјовизјон“.