Економијата на светот 43-2017

Местото на вработувањето на жената во економскиот раст

Економијата на светот 43-2017

Стабилниот перформанс на раст што го постигна турската економија поволно се одразува врз пазарот на трудот. Благодарение на економската стабилност во последните 10 години, во Турција беа обезбедени нови работни места за околу 6.5 милиони лица.

Во врска со денешната тема ви го пренесуваме коментарот на проф. д-р Ердал Канас од одделот за економија при Факултетот за политички науки на универзитетот Јилдирим Бејазит кој вели:

Ако направиме анализа на податоците во последната година да подвлечеме дека во период кога во некои европски земји беше доживеано опаѓање на стапката на вработување, во Турција беше постигнат значаен раст на стапката на вработеност. Според податоците за јули годинава во споредба со истиот период лани, бројот на вработени се зголеми за 1 милион 122 илјади лица.

Економскиот раст може да се увиди како од оформувањето на новите работни места така и од порастот на стапката на вработеност. Особено стапката на економски раст што беше постигната во првиот и вториот квартал на 2017 година и кои достигнаа 5,2 и 5,1 насто, имаат голема улога во зголемувањето на стапката на вработеност.

Секако дека во сочувувањето и пренесувањето на перформансот на раст во наредните периоди исто така има големо значење. Не треба да се заборави фактот дека ефикасните политики на вработување можат да го интензивираат економскиот раст. Бидејќи најефикасен метод во интензивирањето на економскиот раст е целосното искористување на потенцијалот на работната сила.

Покрај сите поволни случувања во постигнувањето на економскиот раст, статистичките податоци за работната сила кои беа објавени неодамна покажуваат дека стапката на невработеност продолжува да се движи по двоцифрени бројки. Стапката на невработеност во јули 2017 година изнесуваше 10,7 насто. За намалувањето на оваа бројка на едноцифрена бројка како и изнаоѓање решение на невработеноста треба да се спроведат ефикасни стратегии за вработување.

Првиот конкретен чекор кој би можел да се фрли во сферата на решавањето на стапката на невработеност е определување на одредена целна група за остварување на стратегијата за вработување. Ако во целната група ги земеме жените, тогаш за намалување на стапката на невработеност на жените, треба да се фрлат чекори за зголемување на стапката на вработеност на жените.

ПОКРАЈ СЕ РАСТЕ СТАПКАТА НА ВРАБОТЕНОСТ НА ЖЕНИТЕ

Во последните 15 години во Турција беше постигнат значаен раст во зголемувањето на стапката на вработеност на жените. Додека во 2002 година, стапката на вработеност на жените над 15 годишна возраст изнесуваше 25, 3 насто, според статистичките податоци за јули годинава, се зголеми на 19,3 насто. Според податоците за јули, стапката на вработеност за жените од 15 до 64 годишна возраст изнесуваше 32,6 насто, додека кај мажите оваа стапка изнесуваше два пати повеќе, 72,3 насто.

Покрај постојаниот раст на стапката на вработеност на жените во последните години во Турција, стапката на вработеност на жените сеуште е на ниско ниво. Еден од најефикасните и најпродуктивни методи за зголемување на стапката на вработеност на жените е утврдувањето на причините зошто жените не влегуваат во пазарот на трудот и со кои се проблеми и тешкотии се соочуваат? Едно друго значајно прашање кое исто така треба да се испита е: Зошто жените се повлекуваат од пазарот на трудот? Тука како една од најзначајните причини можат да се изнесе податокот дека присилното терање и принудување на жените да работат е еден од факторите поради што не може да се постигне доволна хармонизација меѓу семејството и работата. Поради наведена и низа други причини жените се принудени да го напуштат пазарот на трудот, поради што доаѓа до очигледно намалување на стапката на вработеност на жените.

Една од најзначајните имплементации за зголемување на стапката на вработеност на жените е во рамките на политиките на хармонизација меѓу семејството и работата, проширување на услугите како што се детските градинки и обезбедување полесен пристап до истите. Во земјите каде што преовладува висока стапка на вработеност на жените се забележува дека се следи токму оваа стратегија.

На пример во развиените европски земји како што се Франција, Англија и другите може да се види дека паралелно со испраќањето на децата од 3 до 5 годишна возраст во градинка, расте и стапката на приклучувањето на жените во работната сила. Еден од неопходните услови за зголемување на стапката на вработеност на жените е проширувањето на услугите за нега на децата преку детски градинки, јасли и друго. Остварувањето на овие услови е потребно како за зголемување на улогата на жената во пазарот на трудот така и од аспект на ослободувањето на жената од позиција на потрошувач и приклучувањето во производството.

На крајот да кажеме дека еден од предусловите за продуктивно искористување на работната сила на Турција е зголемување на стапката на вработеност на жените. Во тие рамки, може да се изготви стратешки документ за унапредување и развој на предлог политиките за зголемување на стапката на вработеност на жените. На тој начин, со утврдување на одредена патна карта многу побрзо и поефикасно може да се постигне целта за зголемување на стапката на вработеност на жените.

Тоа беше коментарот на проф. д-р Ердал Канас од одделот за економија при Факултетот за политички науки на универзитетот Јилдирим Бејазит посветен на Местото на вработувањето на жената во економскиот раст.



Слични вести