Турската лира влегува на девизниот пазар на Србија

Почнувајќи од 1 декември, турската лира на списокот на странски валути ќе се најде со кодот TRY и број 949

Турската лира влегува на девизниот пазар на Србија

Народната банка на Србија соопшти дека меѓу странските конвертабилни валути на домашниот пазар ќе ја вклучи и турската лира.

Во соопштението беше истакнато дека  турската лира ќе се најде меѓу странските валути со кои се тргува во банките. На тој начин, Народната банка ќе може да купува и продава турски лири од меѓубанакрскиот девизен пазар.

Банката соопшти дека почнувајќи од 1 декември, турската лира на списокот на странски валути ќе се најде со кодот TRY и број 949.

Турција и Србија се земји кандидати за пристапување во ЕУ. Во рамките на неодамнешната посета на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Белград, двете земји постигнаа согласност за унапредување  развој на инвестициските и трговските односи на повисоко ниво.

Моменталниот обем на трговската размена меѓу двете земји изнесува околу 800 милиони долари.



Слични вести