Eкономијата на светот 47-2017

Светската енергетска перспектива 2017

Eкономијата на светот 47-2017

Изминатите денови Меѓународната агенција за енергија го објави извештајот Светска енергетска перспектива 2017. Во извештајот на Светската енергетска перспектива се гледа од четири аспекти и тоа: трошоците за технологијата за обновлива енергија, зголемување на уделот на електричната енергија во вкупната енергетска потрошувачка, распространување на употребата на чиста енергија во Кина и поширока примена на нафтата и гасот од шкрилци. Сите наведени точки на преден план се истакнуваат како најсилни актери на глобалната енергетска равенка.

Во извештајот се изнесуваат и претпоставките за бројот на населението во наредните 20 години. Имено денес на планетава живеат околу 7,4 милијарди луѓе, додека за 20 години оваа бројка се очекува да се зголеми на 9 милијарди што подразбира и зголемување на енергетските потреби. Во извештајот се потенцира дека за задоволување на зголемената побарувачка, секој изминат ден се поголемо значење имаат технологиите за обновлива енергија, енергетската ефикасност и ефикасноста на природниот гас.

Гледано од аспект на годините, покрај тоа што изворите на обновлива енергија бележат брз раст, може да се каже дека денес околу 20 насто од енергијата која што се троши се задоволува токму од обновливите извори. Во извештајот се истакнува дека со активностите што ги остваруваат Кина и Индија во сферата на соларната енергија, ќе се зголеми уделот на обновливата енергија во вкупниот енергетски капацитет и овој однос во претстојните 20 години се очекува да се зголеми за 40 насто.

Во тој случај во претстојниот период паралелно со намалените трошоци се очекува сериозен раст на уделот на обновливата енергија во глобалната потрошувачка на енергијата. Во тој контекст во извештајот се истакнува дека веројатноста, еолската енергија да стане еден од основните извори на електричната енергија во ЕУ до 2030 година, ќе дојде до сериозни промени на регионалните и глобалните енергетски пазари.

Едно друго значајно прашање на кое е направен осврт во извештајот е податокот дека во 2020 година во САД ќе продолжат истражувањата во сферата на производството на нафтата и гасот од шкрилци и дека во 2020 година САД ќе биде јасен извозник на овој вид нафта. Од друга страна пак, според претпоставките цената на нафтата до средината на 2020-те години се очекува да се зголеми до 83 долари и дека нафтата уште подолг временски период ќе продолжи да го чува своето значење на глобалниот енергетски пазар.

Во извештајот е направена и проценка на влијанието на зачестеното користење и употреба на електричните автомобили во последните години врз нафтената побарувачка. Моменталната бројка на електричните автомобили кои се употребуваат во светот изнесува околу 2 милиони, додека оваа бројка во 2025 година се очекува да достигне 50 милиони, во 2040 година околу 300 милиони. Влијанието на зголемувањето на бројот на електричните автомобили врз глобалната нафтена побарувачка се предвидува да изнесува околу само 2 насто. Оваа бројка претставува јасен показател за тоа дека електричните автомобили во претстојните 20 години нема да предизвикаат некоја поголемо влијание врз нафтените пазари.

Какво влијание ќе има извештајот на Меѓународната агенција за енергија врз визијата за иднината на Турција? Обновливата енергија како една од најзначајните теми во извештајот се наоѓа меѓу приоритетните теми од аспект на енергетската перспектива во претстојните 20 години. Турција како земја која изобилува со богати извори на обновлива енергија, оваа можност треба што поскоро да ја претвори во предност.

Стратегијата на Области на обновливи извори на енергија (ЈЕКА) во рамките на Националните енергетски и рударски политики на Турција може да се третира како најсериозен чекор на тоа поле. Стратегијата ЈЕКА ќе обезбеди домашно производство со домашна технологија, развој на секторот како и предводничка улога во интегрирањето на секторот на обновлива енергија на Турција со светот.

Денес имаме можност да видиме дека целиот свет од производство на електрична енергија од јаглен и сурова нафта се насочува кон обновливите извори на енергија. Во период кога можат да се согледаат димензиите и претпоставките за случувањата во светот во сферата на енергијата во светот, секако дека Турција не може да изостане од оваа равенка.

Во случај Турција успее на најефикасен и најпродуктивен начин да го искористи потенцијалот на обновлива енергија, освен тоа што ќе го дофати трендот на глобална енергија, несомнено е дека ќе помине голем број земји кои се истакнати на тоа поле. Во тој контекст да кажеме дека сите поддржувачки политики и инвестиции кои што ќе се остварат во полето на обновливата енергија во Турција, ќе допринесат Турција да се искачи степен погоре во глобалните економии и да се стекне со поголемо право на збор на енергетскиот пазар.



Слични вести