Економијата на светот 48-2017

Енергетските инвестиции во новиот период од министерот Албајрак

Економијата на светот 48-2017

Изминатите денови министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак во излагањето пред Комисијата за планирање и буџет ги изнесе енергетските инвестиции кои се планира да се остварат. Во излагањето беа изнесени претпоставките дека инвестиционите потреби на Турција во претстојните десет години која постепено напредува на патот да стане енергетски центар ќе достигнат 110 милијарди долари и дека една од најзначајните цели во текот на овој период е трансформирањето на Турција во енергетска инвестицона база.

Ако погледнеме на поглавјата кои беа разгледани во презентацијата, можеме да кажеме дека една од нив е порастот на активностите за пребарување и производствените бунари до крајот на годинава. Според податоците за 2016 година, дневното производство на нафта во Турција изнесува 51 илјада барели нафта од кои Турција само 7 насто може да ги намири со потрошувачка, поради што се налага неминовна потреба од нови нафтени извори. Моментално бројот на нафтени извори кои се отворени во Турција изнесува над 4700. До крајот на годинава се предвидува да се отворат уште 65 извори. Во тие рамки се предвидува интензивирање на активностите за пребарување на нафта во целава земја како и значаен пораст на производството на нафта.

Една друга значајна тема која се најде на дневниот ред на презентацијата на министерот Алабјарак беше податокот дека заврши изградбата на поголемиот дел од гасоводниот проект ТАНАП. Информацијата дека 94 насто од проектот ТАНАП, најзначајната алка на Јужниот гасен коридор  кој ќе ја оформи директната енергетска траса меѓу Каспискиот басен и Европа, е многу значајна вест како за Европа така и за Турција. Турција со зголемувањето на количината во внатрешната потрошувачка на Азербејџан во 2018 година, ќе ја обезбеди безбедноста на снабдувањето.

2020 година е датумот кој се предвидува дека ќе започне испораката на гас преку проектот ТАНАП кој освен тоа што има големо значење во обезбедувањето на безбедноста во снабдувањето со енергија на Европа, исто така има големо значење и во постигнувањето на целта за трансформирање на Турција во енергетска база. По овој датум Турција ќе биде домаќин на протокот на гас од исток кон запад и ќе се искачи на позиција на земја која ќе ја определува насоката на природниот гас на регионот.

Од друга страна пак, во рамките на договорот Турски тек што беше потпишан со Русија, оваа земја продолжува со барањето пазари за извоз на гасот преку Турција. Турција освен тоа што има определувачка улога во насочувањето на протокот на гас од исток кон запад, со пренесувањето и на гасот од север во Европа, секој изминат ден јакнее стратешкото значење на Турција во безбедноста во снабдувањето со енергија на Европа.

Еден друг значаен настан во природниот гас е пуштањето во употреба на двете пловечки единици за складирање течен природен гас ЛНГ и повторна гасификација во Хатај Дортјол и заливот Сарос. 15 насто од вкупниот увоз на гас се намирува од течен природен гас ЛНГ. Вкупниот капацитет на складирање изнесува околу 2,7 поради што се налага потреба од што поскоро зголемување на овој капацитет. Со пуштањето во употреба на двете единици за складирање течен природен гас ЛНГ и повторна гасификација чија изградба се планира наскоро да заврши, се планира капацитетот на складирање да се зголеми на 10 милијарди метри кубни.

Со завршувањето на овие активности, капацитетот на складирање природен гас ќе достигне 20 насто од годишното производство и во случај на евентуален проблем со безбедноста во снабдувањето со гас, благодарение на природниот гас што се складира во ЛНГ терминалите се предвидува да се набават долгорочните резерви на природен гас. Меѓудругото, заедно со пловечките ЛНГ терминали, без да бидеме зависни само од една држава, на пазарот на откуп на течен природен гас ЛНГ ќе се обезбеди богата разновидност на извори и земји.

Со постигнувањето на одредени етапи во изградбата на нуклеарните централи Аккују и Синоп, очигледно е дека се случуваат значајни случувања и во оваа фаза на безбедноста во снабдување со енергија. Имено нуклеарните централи кои можат да работат 24 часа без прекин и во сите климатски и метеоролошки услови, претставуваат непрекинати извори на напојување во една земја.  Во тој контекст, колку побрзо ќе се остварат активностите за изградба на трета нуклеарна централа по централите во Аккују и Синоп, Турција толку побрзо ќе се стекне со непрекинати извори на енергија и ќе се доближи до целта да стане земја енергетска база.



Слични вести