Пораст на бројот на патниците кои летаат со Туркиш ерлајнс за 9,3 насто

Бројот на патниците во внатрешниот транспорт се зголеми за 10,4 насто, додека во надворешниот транспорт за 8,4 насто

Пораст на бројот на патниците кои летаат со Туркиш ерлајнс за 9,3 насто

Бројот на патниците кои во 2016 година летаа со Туркиш ерлајнс изнесуваше 62,8 милиони, додека лани оваа бројка се зголеми за 9,3 насто и достигна 68,8 насто.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Платформата за обелоденување на јавноста а кое се заснова на податоците за сообраќајот на Туркиш ерлајнс за периодот јануари-декември 2017, вкупниот број на патниците кои во 2016 година патуваа со Туркиш ерлајнс изнесува 62,8 милиони, додека во 2017 година оваа бројка се зголеми за 9,3 насто и достигна 68,6 милиони. Бројот на патниците во внатрешниот транспорт се зголеми за 10,4 насто, додека во надворешниот транспорт за 8,4 насто.

Бројот на патниците во надворешниот трансфер на патници во споредба со периодот јануари-декември 2016 се зголеми за 3,5 насто, додека стапката на пополнетост на патници со пораст од 4,7 поени достигна 79,1 насто.

Меѓудругото во соопштението беше објавено дека вкупниот број на патниците во декември 2016 година изнесуваше 4,5 милиони, додека со пораст од 21,4 насто оваа бројка во декември 2017 година достигна 5,5 милиони.



Слични вести