Во Еврозоната во февруари 2018 надворешен трговски суфицит од 18,9 милијарди евра

Во монетарната унија на ЕУ во месец февруари годинава е евидентиран надворешен трговски суфицит во износ од 18,9 милијарди евра

Во Еврозоната во февруари 2018 надворешен трговски суфицит од 18,9 милијарди евра

Во Еврозоната во месец февруари оваа година (2018) е евидентиран надворешен трговски суфицит во износ од 18,9 милијарди евра.

Според податоците на Европската статистичка агенција (Евростат), во Еврозоната со 19 земји членки кои го користат еврото извозот изразено во сезонски неприлагодени бројки во месец февруари во 2018 година споредено со истиот месец минатата (2017) година оствари раст од 3 насто и се зголеми на 177,5 милијарди евра, додека увозот со раст од 1,5 насто достигна до 158,6 милијарди  евра.

Во монетарната унија на ЕУ во месец февруари во 2017 година е евидентиран надворешен трговски суфицит од 16,1 милијарда евра, а во месец февруари 2018 година од 18,9 милијарди евра. Трговијата во границите на Еврозоната пак во овој период со раст од 3,9 насто достигна до 153,7 милијарди евра.

Освен тоа според податоците во ЕУ која брои 28 земји членки во месец февруари оваа (2018) година во споредба со истиот месец минатата (2017) година со раст од 1,7 насто е реализиран извоз од 149,2 милијарди евра, додека увозот со пад од 0,4 насто изнесуваше 145,9 милијарди евра.

Во месец февруари во оваа година во ЕУ е остварен надворешен трговски суфицит од 3,3 милијарди евра.

Трговскиот обем внатре во ЕУ пак со раст од 3,5 насто достигна до 277,4 милијарди евра.



Слични вести