Турција постигна рекорд во извозот на трпезни маслинки во сезоната 2017-2018

Турција минатата сезона оствари извоз на трпезни маслинки во износ од 62 милиони 225 илјади долари, додека во оваа 2017-2018 сезона реализира рекорден извоз од 71 милион 53 илјади долари

Турција постигна рекорд во извозот на трпезни маслинки во сезоната 2017-2018

Извозот на трпезни маслинки во Турција во првата половина на сезоната 2017-2018 во споредба со истиот период минатата сезона  со остварен раст од 14-насто се зголеми на 71 милион 53 илјади долари.

Според објавеното соопштение од Униите на извозниците од егејската област извозот на трпезни маслинки кој што во првата половина на минатата сезона изнесуваше 62 милиони 225 илјади долари ја достигна највисоката бројка во последните четири сезони и се зголеми на 71 милион 53 илјади долари.

Турција во оваа сезона оствари извоз на трпезни маслинки во 94 земји во светот меѓу кои најголем извоз во висина од 23 милиони 263 илјади долари е реализиран во Германија. После оваа земја следуваат Ирак и Романија.

Во сезоната 2017-2018 година која што започна на 1 октомври 2017 година Турција оствари извоз на црни маслинки од 58 милиони 322 илјади долари и извоз на зелени маслинки од 12 милиони 730 илјади долари.  

Во соопштението им се одделува место на изјавите на претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците на маслинки и маслиново масло во егејската област Давут Ер кој вели дека со посадените фиданки по 2002 година бројот на маслинови дрвја во Турција од 90 милиони е зголемен на 180 милиони.

Давут Ер истакна дека Турција има за цел реколтата со трпезни маслинки од сегашните 450 илјади тони да ја зголеми на 1 милион 200 илјади тони и да стане земја број еден во производството на маслинки во светот.



Слични вести