Радосна вест од министерот Берат Албајрак: ТАНАП ќе почне да функционира на 12 јуни

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак изјави во градот Бурса дека Трансанадолскиот гасоводен проект ТАНАП ќе почне да функционира на 12 јуни

Радосна вест од министерот Берат Албајрак: ТАНАП ќе почне да функционира на 12 јуни

Министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак соопшти две радосни вести.

Албајрак изјави во градот Бурса дека Трансанадолскиот гасоводен проект ТАНАП ќе почне да функционира на 12 јуни.

Министерот Берат Албајрак информираше и за длабоката морска сондажа во Средоземното Море во врска со што рече: „Летово ќе ја оствариме првата длабока морска сондажа во Средоземното Море.“

Инаку, со посредство на Трансанадолскиот гасоводен проект ТАНАП се предвидува азербејџанскиот природен гас од Шах Дениз 2 во Каспиското Море и од другите лежишта со гас на југот на Каспиското Море, преку Турција да се транспортира за Европа.

 



Слични вести