Индустриското производство во Турција во април 2018 оствари раст од 6,3 насто

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индустриското производство во април 2018 година во споредба со истиот месец 2017 година оствари раст од 6,2 насто, а во споредба со претходниот месец март 2018 година оствари раст од 0,9 насто

Индустриското производство во Турција во април 2018 оствари раст од 6,3 насто

Индустриското производство во Турција во месец април оваа година (2018) во споредба со истиот месец минатата (2017) година оствари раст од 6,2 насто, а во споредба со претходниот месец (март 2018) од оваа година оствари раст од 0,9 насто.

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство за месец април оваа (2018) година.

Според тоа индексот на годишна база изнесува над очекувањата на пазарот кои што изнесуваат 5 насто.

Секторите на рударство и каменоломство во споредба со истиот месец минатата (2017) година остварија раст од 10,1 насто, додека индексот на секторот на индустриското производство забележа раст од 6,3 насто.

Заедно со соопштувањето на податоците за месец април е добиен сигнал и во врска со економскиот раст во втората четвртина од оваа (2018) година.

Така со податоците на индустриското производство кои се добиени над очекувањата во втората четвртина од годинава е влезено со силни очекувања.



Слични вести