Иранските граѓани пред Рамазан Бајрам навалија на шопинг во градот Ван

Иранските туристи кои поради зголемувањето на износот на излезните такси до астрономски цени се соочуваат со тешкотии за излегување од земјата и патување во странство, повторно почнаа да доаѓаат во градот Ван

Иранските граѓани пред Рамазан Бајрам навалија на шопинг во градот Ван

Иранските граѓани пред муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам за шопинг навалија во градот Ван и ги исполнија чаршиите и хотелите во овој град кој се наоѓа на само неколку километри од турско-иранската гранциа.

Иранските туристи кои поради зголемувањето на износот на излезните такси до астрономски цени се соочуваат со тешкотии за излегување од земјата и патување во странство, повторно почнаа да доаѓаат во градот Ван.

Сите средини во Ван го дочекаа со задоволство масовното доаѓање на иранските граѓани. 

Иранските туристи доведоа до прометност на улиците како и заживување на трговијата во купопродажните центри и продавниците во Ван. 

Од турско-иранскиот граничен премин Капиќој минатата недела во еден ден влегоа 2.737 Иранци со што е достигната едната од највисоките бројки во премините од Иран во Турција во последно време.

 



Слични вести