Еден од секои 10 туристи кои доаѓаат во Турција одморот го поминува во Аланја

Во Аланја во 2017 година дојдоа 3,5 милиони туристи, така што еден од секои 10 туристи кои доаѓаат во Турција својот одмор го поминуваат во ова наше познато туристичко одморалиште

Еден од секои 10 туристи кои доаѓаат во Турција одморот го поминува во Аланја

Познатото туристичко одморалиште населеното место Аланја во подрачјето на градот Анталја, престолнината на туризмот, на средоземноморскиот брег на Турција, се наоѓа на чело на најомилените места на туристите.

Аланја низ историјата била домаќин на различни цивилизации од антички времиња до пиратите, од Рим, Византија и Селџутскиот до Османлискиот период, така што со своите културно-историски и природни убавини и ден денес секоја година продолжува да привлекува милиони туристи.

Бројот на населението во населеното место изнесува 300 илјади жители, додека заедно и со туристите кои што доаѓаат од Европа и од Русија во летните месеци се зголемува на над 500 илјади лица. 

Во Аланја во 2017 година дојдоа 3,5 милиони туристи така што еден од секои 10 туристи кои доаѓаат во Турција и еден од секои тројца туристи кои го посетуваат подрачјето на градот Анталја својот одмор го поминуваат во ова наше познато туристичко одморалиште.

Претседателот на Зфружението на туристичките оператори на Аланја (АЛТИД) Бурхан Сили рече: „Има голем број странци кои ја избираат Аланја. Овие луѓе кои овде купуваат куќа и еден дел од годината поминуваат во населеното место имаат голем придонес во афирмацијата на Турција.“



Слични вести