Расте трговската војна меѓу САД и Кина

Кина соопшти дека меѓусебното зголемување на царинските тарифи неповолно ќе се одрази врз трговијата меѓу двете земји

Расте трговската војна меѓу САД и Кина

Американското трговско претставништво (УСТР) го објави списокот на дополнителните даноци од 10 насто за производите од кинеско потекло кои ќе се спроведуваат по наредбата од 18 јуни на претседателот Доналд Трамп.

На списокот на 5 илјади производи од кинеско потекло чија вредност изнесува околу 200 милијарди долари се наоѓаат низа видови морска храна, спортски ракавици, природни и хемиски минерали, овошје и зеленчук, тутун и тутунски производи, автомобилски гуми и друго.

Согласно повратните информации кои ќе се соберат 60 дена по објавувањето на списокот, ќе се обликува последниот облик на списокот.

Во меѓувреме администрацијата на Кина соопшти дека меѓусебното зголемување на царинските тарифи неповолно ќе се одрази врз трговијата меѓу двете земји.



Слични вести