Турција на Русија и продаде свежо овошје и зеленчук во износ од над 337 милиони долари

На прво место на најмногу извезено овошје се најде праската со количина од 47 542 тони

Турција на Русија и продаде свежо овошје и зеленчук во износ од над 337 милиони долари

Од 1 јануари до 16 јули Турција на Русија и продаде свежо овошје и зеленчук во износ од 337 736 532 долари.

Според податоците кои беа објавени од страна на Здружението на извозниците од Источното Крајбрежје, извозот на свежо овошје и зеленчук во овој период на годината во споредба со истиот период лани се зголеми за 44 насто од аспект на количината, додека од аспект на вредноста за 64 насто и достигна 337 736 532 долари.

На прво место на најмногу извезено овошје се најде праската со количина од 47 542 тони.

Од вкупниот извоз на праски во Русија во периодот од 1 јануари до 16 јули беа остварени приходи од 47 374 906 долари.

Лани во истиот период во Русија беа продадени 34 371 тони праски и беше остварен приход од 37 милиони 204 915 долари.

На тој начин, во количината на извозот на праските во споредба со истиот период лани беше забележан раст од 37, додека од аспект на вредноста раст од 27 насто.



Слични вести