Турција за 9 месеци од извозот на чај заработи 8 милиони 309 илјади долари

Турција во периодот јануари-септември оствари извоз на чај во износ од 8 милиони 309 илјади долари

Турција за 9 месеци од извозот на чај заработи 8 милиони 309 илјади долари

Од остварениот извоз на чај од Турција во периодот јануари-септември во 2018 година се остварени приходи во износ од 8 милиони 309 илјади долари.

Градот Ризе со остварен извоз од 4 милиони 258 илјади долари во наведениот период се најде на првото место.

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците од источно Црноморската област (ДКИБ) Саффет  Калјонџу истакна дека Турција се наоѓа на петтото место во светот по производството на чај.

Нагласувајќи дека на прво место во извозот на чај од Турција се наоѓаат земјите од Европската унија (ЕУ), Калјонџу истакна дека производството на турскиот чај без употреба на хемиски препарати и други примеси  обезбедува значаен придонес во извозот.

Појаснувајќи дека во периодот од 9 месеци од Турција е реализиран извоз на чај во висина од 2.035 тони, Саффет Калјонџу рече: "Во реализираниот извоз во наведениот период се обезбедени приходи во износ од 8 милиони 309 илјади долари. Во извозот со 4 милиони 258 илјади 443 долари на прво место се наоѓа Ризе, на второ е Истанбул со 2 милиони 187 илјади 858 долари, а на трето место е Анкара со 697 илјади 594 долари. Во периодот јануари-септември годинава половината од извозот на чај од Турција е остварен од градот Ризе."

 



Слични вести