Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак: Ги одбивме шпекулативните атаци

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека владата ги одби атаците чија цел беа турската економија, просперитетот на народот и националната валута

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак: Ги одбивме шпекулативните атаци

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во говорот што го одржа во Трговската и индустриска комора на Бурса се осврна на шпекулативните атаци.

Притоа Албајрак истакна дека владата ги одби атаците чија цел беа турската економија, просперитетот на народот и националната валута. 

Тој рече: „Благодарение на брзите, силни, активни и одлучувачки механизми кои што ги воведе овој нов претседателски систем на власта, со координација покажавме многу брзи рефлекси и поголемиот дел од овој процес го отстранивме, одбивме.“

Министерот Берат Албајрак проодлжи со следните зборови: „Овој двомесечен процес против атаците насочени против економијата на Турција, просперитетот на народот и националната валута, и придаде многу големо искуство на нашата земја и во текот на ова време почнавме и продолжуване едно по едно да ги креваме влијанијата врз нашата економија.“

Велејќи дека кога ќе се погледне кон бројките во август, септември и октомври ќе се согледа дека тековниот дефицит брзо опаѓа, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак рече: „Првите прогнози кои што пристигнуваат во врска со тековниот дефицит се во правец на тоа дека почна да се намалува кон испод 40 милијарди долари. Ако оди во таа насока на крајот на годината тековната рамнотежа ќе вроди многу поголемо изненадување. Не би сакал овде да дадам детали, меѓутоа насоката оди кон посилен, позитивен и многу добар правец.“ 

 



Слични вести