Раст на инфлационата стапка во Грција

Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) за октомври во споредба со септември покажа раст од 0,8 насто и достигна 1,8 насто

Раст на инфлационата стапка во Грција

Инфлационата стапка во Грција во октомври постигна раст од 1,8 насто.

Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ) ги објави годишните податоци за Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) за октомври.

Според податоците, инфлационата стапка кај потрошувачките цени во септември изнесуваше 1,1 насто.

Меѓудругото, ИПЦ во октомври покажа раст од 0,8 насто во споредба со септември. Најголемата стапка на пораст во октомври од аспект на ИПЦ во октомври од 4,3 насто беше забележан во транспортот и комуникациите.

По наведените потрошни групи со 3,7 насто следува станбениот сектор, со 2 насто прехранбениот и безалкохолните пијалаци, додека со 1,3 насто рестораните и хотелите.

Од друга страна пак, кај трајните призводи за широка потрошувачка беше забележано намалување на инфлационата стапка од 1,3 насто, кај облеката и чевлите 0,9 насто. Кај цените во Грција, по дефлацијата поради 4 годишната  криза, во последните две години се забележува сразмерно закрепнување.



Слични вести