Штандот на Турција на саемот на трговија со цвеќиња во Холандија наиде на големо интересирање

На Саемот што се одржа во селото Вијфхузен кај Харлем во Холандија учествуваа 13 турски фирми од Унијата на централноанадолските извозници на украсни битки и производи (ОАИБ)

Штандот на Турција на саемот на трговија со цвеќиња во Холандија наиде на големо интересирање

Штандот на Турција која 15 години учествува на Меѓународниот саем на трговија со цвеќиња во Холандија наиде на големо интересирање.

На Саемот што се одржа во селото Вијфхузен кај Харлем во Холандија учествуваа 13 турски фирми од Унијата на централноанадолските извозници на украсни битки и производи (ОАИБ) кои ги промовираа своите производи.

На саемот освен претседателот на Унијата Исмаил Јилмаз, учествуваа генералниот конзул на Турција во Амстердам Енгин Арикан и аташето за трговија при генералниот конзулат во Ротердам Омер Тарик Генчосманоглу.

Претседателот на Унијата Јилмаз рече дека учеството на овој вид организации ќе обезбеди голем придонес во развојот на  турската економија и дека целта е производите што ги произведуваат да ги понудат на европскиот пазар.

Јилмаз додаде дека поголемиот број од производите кои што имаа можност да ги видат на саемот, почнаа да ги произведуваат и во Турција.

Заедно со овие производи мислиме дека ќе го зголемиме извозот.

Јилмаз изрази задоволство од интересирањето што беше покажано кон турскиот штанд.

Генералниот конзул на Турција во Амстердам Енгин Арикан рече дека турските фирми се бават со извоз како во Холандија така и во целиот свет. Тоа претставува големо задоволство за нас. Посакуваме нашите производители да го зголемат нивото на извоз особено од аспект на украсните битки и да се зголемат овој вид активности.



Слични вести