Надворешниот трговски дефицит на Русија достигна 200 милијарди долари

Трговскиот обем на најголемиот трговски партнер на Русија во првите 8 месеци на Русија во споредба со истиот период претходната година забележа раст од 27,3 насто и достигна 98,7 милијарди долари

Надворешниот трговски дефицит на Русија достигна 200 милијарди долари

Надворешниот трговски дефицит на Русија во периодот јануари – август во споредба со истиот период претходната година се зголеми за 65 насто и изнесува 191,4 милијарди долари.

Според податоците на Руската Федерална царинска служба (ФТС), извозот на земјата во споредба со истиот период во 2017 година забележа раст од 27,5 насто и достигна 410 милијарди долари, додека увозот со раст од 6,4 насто се зголеми на 218,8 милијарди долари.

Вкупниот трговски обем на Русија во наведениот период во споредба со истиот период во 2017 година се зголеми за 19,3 насто и се искачи до 629 милијарда долари, додека надворешниот трговски дефицит со раст од 65 насто достигна 191,4 милијарди долари.

Трговскиот обем на најголемиот трговски партнер на Русија во првите 8 месеци на Русија во споредба со истиот период претходната година забележа раст од 27,3 насто и достигна 98,7 милијарди долари. На тој начин Кина влезе во историјата како најголем трговски партнер на Русија.

Турција со раст од 17,9 насто достигна трговски обем од 23,2 милијарди долари и стана 5-ти најголем трговски партнер на Русија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Руската Федерална царинска служба, надворешниот трговски дефицит на земјата во 2017 година во споредба со истиот период претходната година беше зголемен за 25,5 насто и достигна 130,6 милијарди долари.



Слични вести