Серијата „Воскреснување: Ертугрул“ од 16 јануари ќе почне да се емитува и во Катар

Телевизиска серија „Воскреснување: Ертугрул“ од 16 јануари ќе почне да се емитува и во Катар со озвучување на арапски јазик

Серијата „Воскреснување: Ертугрул“ од 16 јануари ќе почне да се емитува и во Катар
Серијата „Воскреснување,Ертугрул“ наскоро на катарската телевизија
Серијата „Воскреснување,Ертугрул“ наскоро на катарската телевизија

Серијата „Воскреснување,Ертугрул“ наскоро на катарската телевизија

Епската телевизиска серија „Воскреснување,Ертугрул“ на ТРТ почнувајќи од 16 јануари годинава со превод на арапски јазик ќе се прикажува на Телевизија Катар.

 

Обожаваната телевизиска серија на Турската радио-телевизија ТРТ „Воскреснување: Ертугрул“ од 16 јануари ќе почне да се емитува и на екраните на катарската телевизија „Катар ТВ“ со озвучување на арапски јазик.

Претседателот на Управниот одбор за медиуми на Катар Абдурахман бин Хамад кој на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер истакна дека телевизиската серија „Воскреснување: Ертугрул“ од понеделник ќе се емитува на нивните екрани со озвучување на арапски јазик.

По оваа информација голем број граѓани на Катар преку социјалните медиуми го изразија своето задоволство од емитувањето на оваа серија со озвучување на арапски јазик.

Главните улоги во телевизиската серија „Воскреснување: Ертугрул“ ги толкуваат Енгил Алтан Дузјатан, Есра Билгич, Каан Ташанер, Дидем Бачин и Хулја Дарџан, додека режисер е Метин Ѓунај.

Серијата „Воскреснување: Ертугрул“ во која се раскажува за формирањето на Османлискиот беглук е серија која што поради својата тема се следи со голема заинтересираност особено од страна на оние кои покажуваат интересирање кон турската историја.

Во серијата се раскажува за периодот од 13-от век и борбата која што ја водат Ертугрул Беј и неговите соборци другари Алпови против непријателите и се обработува процесот на формирање на Османлискиот беглук. Во 13-от век кој што е период кога анадолските територии се окупираат од страна на колонизаторските сили Ертугрул Беј води борба за изнаоѓање татковина за својот беглук составен од 400 шатори. Во серијата се привлекува внимание на тајната на патувањето кое што води кон формирање на Османлиската држава која потоа ќе прерасне во Османлиска Империја и потоа ќе владее во текот на цели 600 години и ќе се протега на три континенти. Во серијата се раскажува за епската приказна на една личност (Ертугрул Беј) кој ја променува судбината на светот, неговиот карактер како личност која никако не потклекнува пред непријателите, неговата маѓепсна љубов и чувството на правда наменета за целото човештво.



Слични вести