За само три недели филмот „Ајла“ го гледаа околу 2 милиони гледачи

Филмот е приказна за херојскиот турски подофицер Сулејман Дилбирлиги и малата Ајла исполнета со љубов и копнеж

За само три недели филмот „Ајла“ го гледаа околу 2 милиони гледачи

Турскиот филм „Ајла“ кој во категоријата за најдобар странски филм се кандидира за наградата Оскар, за само три недели беше гледан од страна на околу 2 милиони гледачи.

Во соопштението кое беше објавено од страна на „Диџитал Санатлар“ продуцентот на филмот „Ајла“, Диџитал Санатлар беше истакнато дека 65 годишната приказна за херојскиот турски војник подофицерот Сулејман Дилбирлиги и малата Ајла исполнета со љубов и копнеж, предизвика турскиот народ да ги наполни кино салите. Екипата на филмот „Ајла“ во рамките на турнејата по Анадолија заедно го гледаа филмот „Ајла“ и одговараа на нивните прашања.

Оваа посебна техника минатата недела започна во Зиле и продолжи во Анкара и Измир. Во рамките на турнејата по Анадолија која ќе трае до крајот на септември, екипата ќе гостува по градовите Невшехир, Адана, Анталија, Антакја, Искендерун, Газиантеп, Ескишехир, Коња и на крајот Кахраманмараш, родното место на подофицерот Сулејман Дилбирлиги.



Слични вести