Турски модни креации на Фешншоу во Тајланд

Турските креации годинава се претежно изработени инспирирани од облеката која ја носеле султаниите и другите дами во султановиот сарај во османлискиот период.

Турски модни креации на Фешншоу во Тајланд

Во Тајланд годинава по 7 пат се приреди Фешншоу кој помина во знакот на креациите на турските модни креатори.

Целта на овај моден настан е светот да се запознае со природната свила од оваа азиска земја.

Годинава организатор на модниот фестивал е Министерството за култура на Тајланд. Амбасадорот на Република Турција во Тајланд Еврен Дагделен во рамкикте на манифестацијата ги одбра најдобрите креации на турските дизајнери и стилисти, кои 5 дена ќе се прикажуваат на разните ревии во главниот град Банкок.

На  фестивалот се прикажуваат модните достигнувања на 30 други земји кои годинава учествуваат на ова модно дефиле.

Турските креации годинава се претежно изработени инспирирани од облеката која ја носеле султаниите и другите дами во султановиот сарај во османлискиот период.

Публиката воодушевено ги прими креациите украсени со златен и сребрен конец во стилот на традиционалните турско османски апликации.Ревијата беше пропратена со видео проекција на презентација на Турција и нејзините природни убавини и богатата култура.

 

 

 



Слични вести