Сарајот Топкапи најпосетен објект во минатата година

Сарајот Топкапи кој беше изграден од страна на Султанот Мехмед Втори освојувачот, денес е пренаменет во музеј

Сарајот Топкапи најпосетен објект во минатата година

Сарајот Топкапи кој претставува еден од најпривлечните и најпосетените културно-историски објекти од страна на домашните и странските туристи во Истанбул и лани беше најпопуларна дестинација на посетитетлите.

Лани музејот Сарај Топкапи и спомен музејот Аја Ирини беа посетени од страна на околу 2 милиони посетители.

Сарајот Топкапи кој беше изграден од страна на Султанот Мехмед Втори освојувачот во периодот од 1460 до 1478 година и околу 400 години беше центар на управувањето на империјата, како и едукативен и уметнички центар, денес е пренаменет во музеј.

Спомен музејот Аја Ирини изграден во дворот на сарајот во 6-от век, лани беше посетен од страна на 50 илјади 23 лица. Објектот Аја Ирини од аспект на материјалот и архитетурата е типичен пример на византиски објект и по освојувањето на Истанбул во 1453 година не беше изложен на никакви промени.

Музејот долг период беше употребуван како складиште за      складирање на пленот и оружје. Со текот на времето, како последица на недоволноста на изложбените простори, овдшените експонати во 1875 година беа префрлени во палатата Чинили ќошк.



Слични вести