10. Меѓународен конкурс за најдобар документарен филм на ТРТ

Главната награда годинава во категоријата професионален документарен филм во домашна продукција изнесува 45.000 лири, наградата во категоријата за студенти 20 000 лири а наградата за најдобар странски документарен филм 10 000 евра.

10. Меѓународен конкурс за најдобар документарен филм на ТРТ

Продолжува 10.меѓународен конкурс за најдобар документарен филм на Турската радио и телевизија ТРТ.

Како што соопшти Генералната дирекција на ТРТ пријавите за учество на 10. Меѓународен конкурс за најдобар документарен филм во аматерска и професионална конкуренција на Турската радио и телевизија ТРТ пристигнуваат секој ден.

Минатата година на конкурсот се натпреваруваа 677 документарни филма од двете категории од 78 земји.

Последен ден за пријавување на конкурсот е 16 февруари годинава.

Филмовите кои што ќе се пласираат во финалето ќе бидат наградени на свеченоста која ќе се одржи на 14 мај во Истанбул.

Главната награда годинава во категоријата професионален документарен филм во домашна продукција изнесува 45.000 лири, наградата во категоријата за студенти 20 000 лири а наградата за најдобар странски документарен филм 10 000 евра.

Заинтересираните можат да се пријават на следната интернет адреса : "www.trtbelgesel.com"

 

 



Слични вести