23 април Празник на националната сувереност и Фестивал на детето

23 ти април Празникот на националната сувереност и Фестивалот на детето се слави по повод свеченото основање на Големото Национално Собрание на Република Турција

23 април Празник на националната сувереност и Фестивал на детето

Секоја година овој ден се слави со пригодни свечености на кои се канат деца од целиот свет на меѓународниот фестивал на детето.

Празникот на детето произлезе од желбата за одбележување на значењето на националната сувереност и од желбата на овој ден да се радуваат децата чии родители загинале во Народно ослободителната војна.

Денес овој празник се слави во сите школски установи со учество на сите школски деца ширум цела Турција. На свеченостите учествуваат и нивните учители и наставници и родители .

Инаку празникот на детето 23 април е подарок до сите деца како во Турција така и во светот од страна на првото Национално Собрание на Република Турција основано токму на 23 април а во знак на сеќавање на тој славен датум.

Фествалот на детето 23 април се организира секоја година а главен организатор е ТРТ- Турската Радио и Телевизија.



Слични вести