На 20 американски муслимани доделени сертификати за завршен курс по турски јазик

На организираната церемонија на 20 американски муслимани за кои беше организиран бесплатен курс од страна на Здружението TURCA кое делува во Лос Анџелес, им беа доделени сертификатите за завршен курс по турски јазик

На 20 американски муслимани доделени сертификати за завршен курс по турски јазик

Американските граѓани кои во САД одеа на курс по турски јазик ги добија своите сертификати.

На организираната церемонија на 20 американски муслимани за кои беше организиран бесплатен курс од страна на Здружението TURCA кое делува во Лос Анџелес, им беа доделени сертификатите за завршен курс по турски јазик.  

Здружението TURCA кое делува од 2016 година почна да организира курс по турски јазик за американските муслимани кои живеат во Лос Анџелес и околината.

Американските граѓани кои учествуваа на првата сесија која траеше два месеци и помеѓу 14 и 81 годишна возраст го завршија првиот основен курс по турски јазик.

Претседателот на Здружението TURCA Ваккас Догантекин во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека курсевите по турски јазик ќе продолжат после месецот на постот Рамазан и дека ќе бидат започнати и напредни курсеви за подобро усовршување на турскиот јазик. 

Догантекин рече: „Сите наши напори се да овомзожиме да се сака, почитува и афирмира Турција и да привлечеме  туристи и инвестиции во нашата земја. Едниот од најзначајните патишта за тоа пак е да се учи турскиот јазик..“

Потоа курсиерите од директорот на Здружението TURCA Ебру Авад ги добија своите сертификати за завршен курс по турски јазик и ја истакнаа својата љубов кон Турција.



Слични вести