Филмот „Ајла“ на 15 јуни повторно ќе се прикажува во кино салите

Филмот „Ајла“ кој фрли потпис на големи успеси и стана шести филм по гледаност во досегашната историја на турската кинематографија , е снимен на три јазици и тоа турски, англиски и корејски

Филмот „Ајла“ на 15 јуни повторно ќе се прикажува во кино салите

Филмот „Ајла“ во режија на Џан Улкај специјално по повод Рамазан Бајрам и Денот на татковците на 15 јуни во петокот повторно ќе се прикажува во кино салите.

Филмот кој фрли потпис на големи успеси и стана шести филм по гледаност во досегашната историја на турската кинематографија , е снимен на три јазици и тоа турски, англиски и корејски.

Во филмот настапуваат Исмаил Хаџиоглу, Али Атај, Четин Текиндор, Мурат Јилдирим, Бушра Девели, Есра Дерманџиоглу, Синем Услу, како и холивудски актери како Ерик Робертс, Кејт Карадин.

Филмот „Ајла“ се врати со награда од голем број фестивали на кои настапи. На Меѓународниот филмски фестивал Кејптаун ја доби наградата „за најдобро дејствие“, на Меѓународниот азиски филмски фестивал наградата „за најдобар филм“ и на 29-от Меѓународен филмски фестивал Палм Спрингс беше избран за „најдобар“.   

Филмот „Ајла“ на Меѓународниот филмски фестивал во Седона ги доби наградите за „најдобар странски филм“ и „најдобар на фестивалот“, од страна на кинематографската заедница Сан Диего за сезоната 2017-2018 му беше доделена наградата за „најдобар странски филм“, на Меѓународниот филмски фестивал Ричмонд ги доби наградите за „најдобра режија“ и „ѕвезда во подем“, а на 51-от филмски фестивал Хјустон Ворлдфест ја доби наградата за „најдобар странски филм-Платин Реми“.

 



Слични вести