Извонреден концерт од Шакира во Истанбул

На концертот на Шакира која во рамките на својата светска турнеја која го носи името на нејзиниот последен албум „Ел Дорадо“ настапи на стадионот „Водафон Парк“, покажаа голема заинтересираност голем број нејзини обожаватели

shakira_istanbul (11).jpg
shakira_istanbul (18).jpg
shakira istanbul konseri1.jpg

Светски познатата колумбиската пејачка од либанско потекло, текстописец, танчерка и актерка Шакира синоќа приреди концерт пред своите обожаватели во Истанбул

На концертот на оваа светски позната пејачка која во рамките на својата светска турнеја која го носи името  и на нејзиниот последен издаден албум „Ел Дорадо“ настапи на стадионот „Водафон Парк“, покажаа голема заинтересираност голем број нејзини обожаватели.

Шакира на почетокот на концертот ги поздрави своите обожаватели на турски јазик со „Merhaba Türkiye“. 

Таа на сцената остана приближно 2 часа и на сцената им се обрати на гледачите и своите обожаватели со зборовите: 

„Многу е убаво што ве гледам овде Истанбул. Многу ви благодарам поради тоашто ме угостивте овде. Измина долго време. Многу сум радосна од тоа што повторно дојдов во Истанбул и повторно ве видов овде. Сето тоа се исполни благодарение на вашето пријателство. Ако вечерва сум овде тоа е благодарение на вас.“ 

На крајот на концертот Шакира истакна дека помина една волшебна вечер и со гледачите и своите обожаватели се збогува со зборовите „Повторно сакам да ве видам Турција.“

Светски познатата пејачка Шакира на концертот освен песни од нејзиниот последен албум „Ел Дорадо“ испеа и други нејзини сакани песни меѓу кои и „La La La“, „Waka Waka“ и „Whenever, Wherever“.

Шакира на сцената се појави со 5 различни костуми, додека еден камерман од нејзината екипа снимаше со поставена кукла на нејзиниот сопруг Џерар Пике над својата камера. 

 



Слични вести