Во градот Туркестан во Казахстан заврши летната школа на студентите од турскиот свет

Во градот Туркестан во Казахстан заврши летната школа на која освен 208 студенти од 50 одделни универзитети во Турција, учествуваа 180 студенти и од Казахстан, Киргистан, Азербејџан и Узбекистан, купно 388 студенти

Во градот Туркестан во Казахстан заврши летната школа на студентите од турскиот свет

Во градот Туркестан во Казахстан заврши летната школа „Четврта летна школа за млади студенти од турскиот свет“ со учество на 388 студенти од турските републики.

На летната школа која што се одржа во периодот од 18 јуни до 15 јули, а чиј домаќин беше Меѓународниот турско-казачки универзитет Хоџа Ахмет Јесеви освен 208 студенти од 50 одделни универзитети во Турција, учествуваа 180 студенти и од Казахстан, Киргистан, Азербејџан и Узбекистан, вкупно 388 студенти.

На летната школа која траеше во текот на еден месец студентите од Узбекистан, Казахстан и Киргистан учествуваа на интензивирани курсеви по турски јазик.

Воено и студентите кои учествуваа од Турција учеа казачки и руски јазик. За турските студенти беа организирани екскурзии во различни градови на Казахстан, Узбекистан и Киргистан. 

Студентите во рамките на летната школа учествуваа на различни активности како што беа музички и спортски натпревари, семинари, конференции и други културни манифестации.

Летната школа за млади студенти од турскиот свет од 2015 година се одржува традиционално секоја година од страна на Меѓународниот турско-казачки универзитет Хоџа Ахмет Јесеви.



Слични вести