Поддршка од ТРТ и ТИКА на Кубанската радио и телевизија

Заменик генералниот директор на државната телевизија Гулермо Мануел Павон Пачеко  изрази благодарност на ТИКА и ТРТ за поддршката

Поддршка од ТРТ и ТИКА на Кубанската радио и телевизија

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во заедничка соработка со Турската радио телевизија (ТРТ) на Кубанската радио телевизија (ИЦРТ) и пружија поддршка во обука за емисиите на ХД каналите.

За време на обуката што се реализираше во централната зграда на ТРТ, на членовите на делегацијата од Куба им беа одржани предавања за продукцијата и информативната програма на ХД, главната команда и сателитските системи за комуникација како и камерите 4К.

Кубанската делегација предводена од заменик генералниот директор на државната телевизија Гулермо Мануел Павон Пачеко  изрази благодарност на ТИКА и ТРТ за поддршката и потенцираше дека соработката е многу значајна за нив.. Ќе чувствуваме големо задоволство од натамошната соработка и во иднина, рече Пачеко.

Во рамките на посетата Пачеко оствари низа средби. На средбата со потпретседателот на ТИКА проф. д-р Бирол Четин и заменик генералниот директор на ТРТ Еркан Дурду Пачеко размени мислења во врска со можностите и сферите на соработка.

Потпретседателот на ТИКА Четин рече дека претходно ТИКА на Куба и пружи поддршка во сферата на соларната енергија и одгледување наут, потенцирајќи дека соработката со Куба ќе продолжи со зголемен раст.

По еднонеделната обука, на членовите на Кубанската државна телевизија од страна на заменик генералниот директор Еркан Дурду им беа доделени сертификати.



Слични вести