Концертната сезона 2018-2019 на Претседателскиот симфониски оркестар започна со специјален концерт

На концертот за отворање на сезоната Концертната сезона 2018-2019 на Претседателскиот симфониски оркестар беа испеани различни песни од историјата на турската музика како оние на Нешет Ерташ „Захидем“ и на Аднан Сајгун „Ораториумот Јунус Емре“

Концертната сезона 2018-2019 на Претседателскиот симфониски оркестар започна со специјален концерт
Концертната сезона 2018-2019 на Претседателскиот симфониски оркестар започна со специјален концерт
Концертната сезона 2018-2019 на Претседателскиот симфониски оркестар започна со специјален концерт

На концертот беа испеани различни песни од историјата на турската музика како оние на Нешет Ерташ „Захидем“ и на Аднан Сајгун „Ораториумот Јунус Емре“.

Концертната сезона 2018-2019 на Претседателскиот симфониски оркестар започна со специјалниот концерт приреден во Народниот конгересен и културен центар во Бештепе.

На концертот за отворање на сезоната под диригенство на Ренгим Ѓокмен освен државниот полифоничен хор на Министерството за култура и туризам, како интерпретатори настапија и солистите на Државната опера и балет сопрано Ѓоркем Езги Јилдирим, тенор Булент Бездуз и бас Зафер Ердаш.

На концертот беа испеани различни песни од историјата на турската музика како оние на Нешет Ерташ „Захидем“ и на Аднан Сајгун „Ораториумот Јунус Емре“.

На крајот на концертот на сцената се појави претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим кој им честита на уметниците за настапот.

Јилдирим во оваа пригода рече: „Во име на сите гледачи и слушатели ви честитам за овој извонреден перформанс по повод отворањето на концертната сезона. Ви посакувам да поминете убава и успешна сезона.“

Од друга страна, преку сметката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на социјалната мрежа Твитер концертот со кој што започна сезоната на Претседателскиот симфониски оркестар беше емитуван во живо.

 



Слични вести