Синоќа на екраните на ТРТ 1 стартуваше новата петта сезона на серијата „Дирилиш Ертугрул“

Серијата „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул) која се емитува на ТРТ 1 и која соборува рекорди по гледаност и воедно се следи со голема заинтересираност и во голем број странски земји, од синоќа стартуваше во својата нова петта сезона на емитување

Синоќа на екраните на ТРТ 1 стартуваше новата петта сезона на серијата „Дирилиш Ертугрул“

Телевизиската серија „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул) која се емитува на екраните на ТРТ 1 на Турската радио и телевизија ТРТ и соборува рекорди по гледаност, синоќа со своето прво продолжение во новата сезона освен во Турција беше емитувана на 25 различни јазици во повеќе од 80 земја ширум светот.

Серијата која соборува рекорди по гледаност и воедно се следи со голема заинтересираност и во голем број странски земји од синоќа стартуваше во својата нова петта сезона на емитување. 

Пред да се емитува синоќешното 122 продолжение на „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул) која го зајакна својот глумечки кадар со нови актери, во вилата Џемиле Султан Корусу во Истанбул беше приредена гала вечера.

Актерите овде го гледаа првото продолжение во новата сезона на емитување на серијата.

На гала вечерата учествуваше и генералниот директор на Турската радио и телевизија ТРТ Ибрахим Ерен кој во оваа пригода истакна дека и во наредниот период се има за цел да бидат прикажани историски серии на екраните.

Телевизиската серија „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул) која освен во Турција се емитува на 25 различни јазици во повеќе од 80 земји ширум светот досега е гледана од страна на 3 милијарди луѓе.

 



Слични вести