Во Истанбул избрани 31 член на Генералното заседание на муслиманските научници

За нов претседател на Асоцијацијата беше избран професорот Ахмед ер Рајсуни од Мароко

Во Истанбул избрани 31 член на Генералното заседание на муслиманските научници

На вчерашната седница на Генералното заседание на Светската асоцијација на муслиманските научници која започна на 3 ноември во Истанбул, беа избрани 31 член на Одборот на доверители на асоцијацијата.

Претставникот на Турција Омер Фарук Коркмаз кој беше избран меѓу 84-те кандидати за член на Одборот на доверители на Генералното заседание со 366 гласови освои најголем број на гласови.

Од друга страна пак, поранешниот претседател на Светската асоцијација на муслиманските научници Јусуф ел Карадави изрази задоволство од изборот на професорот Ахмед ер Рајсуни од Мароко за нов претседател на Асоцијацијата.

Карадави во говорот што го одржа по изборот на состанокот на генералното заседание рече дека Рајсуни е научник како на истокот така и на западот и дека е ценет и почитуван од страна на источните и западните верски научници.

Рајсуни е успешен муслиман кој ја има сфатено целта на верата, значењето на исламот и сфаќањето на исламската рамнотежа.

Денес на седницата на генералното заседание на Светската асоцијација на муслиманските научници ќе биде избран генералниот секретар.



Слични вести