Балканска агенда 51/2016

Балканските војни во 1912 и 1913 година и зулумот за време на овие војни

Балканска агенда 51/2016

Поминаа повеќе од 100 години од Балканските војни кои што беа водени во 1912 и 1913 година. И покрај тоа балканските земји продолжуваат да се соочуваат со тешкотии во зборување за заеднички работи во врска со Балканските војни. Што се однесува до причината овие две војни за различни народи на овие простори имаат различни значења. Според некои Балканските војни беа војни за слобода, според некои распарчување на татковинските територии и губење на територија, а за други пак беа војни на вршење зулум и етничко чистење.

Сепак и покрај тоа што различни страни располагаат со свои различни вистини во врска со Балканските војни оваа основа вистина не може да се порекне од страна на никого: Балканските народи мошне брзо можеa да се договорат меѓусебе на точката на објавување војна против османлиската управа. Меѓутоа не можеа да постигнат договор во однос на тоа каде ќе требаше да бидат сопрени овие војни. Тоа беше и главната причина поради која дојде до втората Балканска војна Со замисла дека е многу подобро да се придобие колку што е можно поголема територија балканските народи речиси брзаа кон повторно достигнување до пошироки државни територии со оние свои држави кои што ги формираа во Средниот век.

Една од основните грешки кои што ги направија оние кои успеаја да ги прошират своите територии беше тоа што мислеа дека новоосвоените територии му припаѓаат целосно на нивниот народ. Бидејќи на новоосвоените територии со векови живееја и луѓе од различна етничка и верска припадност. Поради тоа што оваа вистина беше изоставена од вид дојде до различни тешкотии на Балканот.

Османлиската држава не претрпе само тешка загуба на територија на Балканот, туку Балканските војни истовремено доведоа и до голем масакр врз Турците и останатите муслимански народи кои живееја на овие простори. Всушност целите кои што сојузничките сили на Балканот кои во 1912 година и објавија војна на Османлиската држава ги соопштија на почетокот, за кусо време се претворија во активности на масакрирање на муслиманското население и ограбување на нивните имоти.

Според податоците на американскиот историчар Џастин МакКарти пред Балканските војни на заземените територии на Османлиската држава во Европа, со исклучок на Албанија живееја 2,3 милиони муслимани. По Балканските војни оваа бројка се намали за 61-насто и опадна на 1,4 милиони. Според проценките на МакКарти во овој процес животот го загубија 632.408 муслимани, а 812.771 муслимани беа иселени во Анадолија.

Во извештајот подготвен од страна на една меѓународна истражна комисија формирана од страна на Фондацијата Карнеги во 1914 година, се заклучува дека зулумот кој што бил вршен врз муслиманите за време на Балканските војни е производ на една систематска политика. Во истиот извештај се истакнува дека куќите и селата на муслиманите беа претворени во пепел и дека беа измасакрирани невооружани невини луѓе.

Димитрије Туцовиќ, едниот од предводниците на социјалстичкото движење во Србија истакнува дека единствената вина на муслиманите кои беа измасакрирани за време на Балканските војни беше тоа што се молеа различно и зборуваа на различен јазик. Тој зулумот кој што беше применуван над муслиманите за време на овие војни го оценува како дел од националните политики на Балканските земји.

Рускиот марксистички теоретичар Лев Трочки кој есента 1912 година бил испратен на Балканот како дописник за весникот Киевскаја Мисла, беше шокиран со податоците со кои што се сретна во врска со зулумот кој што беше применуван против муслиманите на Балканот. Впрочем Лев Трочки напиша дека муслиманите безмилосно се убивани, се палат нивните села и систематски се ограбуваат драгоцените предмети и имотите на муслиманите. Според Трочки, масакрите против муслиманите и палењето и рушењето на муслиманските села на Балканот не претставуваа поединечни настани, туку беа систематски активности кои што беа определувани од страна на националните политики.

Зулумот кој што беше вршен против Турците и другите муслимански заедници  за време на Балканските војни ја претставуваат едната од мрачните страници во историјата на човештвото. Различни историски докази стануваат сведоци на тоа дека за време на Балканските војни муслиманите биле масакрирани без притоа да се прави разлика меѓу жени, деца и старци, биле подложени на измачувања, насилно биле христијанизирани и биле принудени на иселување. На крај со политиките кои што беа совесно применувани беше целосно променета етничката и верската карта на Балканот.

Според официјални податоци, денеска вкупниот број на муслиманите на Балканот изнесува некаде околу 8 милиони 250 илјади лица. Оваа бројка сочинува приближно 12-насто од вкупниот број на населението на Балканот.  Меѓутоа познатиот турски историчар Кемал Карпат, кој има реализирано обемни истражувања во врска со османлиското население истакнува дека процентот на муслиманите во втората половина на 19-от век  споредено со целокупното население на Балканот изнесуваше дури 43-насто.  Оваа разлика секако сама по себе говори за тоа дека постои потреба од истражување на уништувањето на турското и муслиманското присуство на Балканот. Индиферентноста на западниот свет, со исклучок на само неколку историчари, кон овој зулум кој што се применувал против муслиманите на Балканот, секако би можела да се оцени како срам за човештвото.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести