Балканска агенда 52/2016

Да се сфати ставот на меѓународната заедница во примерите со Босна и Херцеговина и Сирија

Балканска агенда 52/2016

Војната во Босна во периодот од 1992 до 1995 година и војната во Сирија која влезе во својата шеста година презентираат значајни податоци во врска со начинот на однесување на меѓународната заедница. И во двата примери и покрај тоа што меѓународната заедница на изглед како да се обидува да направи нешто, фактички ги препушти на смрт Босна и Херцеговина и Сирија. Примерот во Босна воедно покажа дека на меѓународната заедница и се паѓаат значајни задачи од аспект на лекувањето на раните од војната и повторната изградба на земјата. И покрај тоа што Сараево за неколку години успеа да се стекне повторно со оној негов модерен изглед, поради големината на рушењата во Сирија повторната изградба на оваа земја не ќе биде лесна.

Војната во Босна беше една од војните кои што беа водени во првата половина на 1990-сетите години за време на процесот на распаѓање на Југославија. Вооружени судири во помали размери имаше во Словенија, а поголеми вооружени судири беа водени во Хрватска. Најтешките војни на териториите на поранешна Југославија пак беа водени во Босна и Херцеговина во текот на 3,5 години.

Бошњаците сеуште се распрашуваат за тоа зошто ги снајде едно вакво зло. Тие на било какво начин не го беа поттикнале оној процес на распаѓање на Југославија. Освен тоа Бошњаците не покренаа и одредени национални дејствија против Србите, Хрватите или другите. Тие беа невини. Единственото кое што го бараа беа слобода, демократија и политички плурализам. Затоа немаа ниту своја обемна воена стратегија. На крај најголема жртва на војната во Босна станаа Бошњаците.

Што правеше светот додека се доживуваше човечка трагедија во Босна? Не беше доволно да биде сопрена војната откако најпрвин стапи во акција Европа, а потоа и ОН. Единственото што го направија беше да се локализира војната во Босна и да се спречи да не се прошири на други места во регионот. Значајни беа ставовите на Германија, Франција, Англија и Русија. Меѓутоа наместо да соработуваат меѓусебе речиси беа во потрага по обезбедување на своите сопствените интереси на Балканот.

Меѓународната заедница наместо да ја сопре војната, кон случувањата во Босна секогаш гледаше со погледот на „хуманитарна криза“. Со други зборови кажано, Западњаците наместо да се интересираат за причините на војната секогаш стоеја на резултатите од војната. Од друга страна пак ОН освен тоа што не можеа да ја одбранат Босна поради ембаргото за оружје кое што се спроведуваше ја оставија земјата беспомошна и и го одзедоа од рака и нејзиното право на самоодбрана. Војната во Босна откако САД јасно го презентираа својот став заврши со потпишување на Дејтонскиот мировен договор.

Кога ќе се погледне кон Сирија, се гледа дека војната во оваа земја речиси трае за два пати подолго од војната во Босна. Слично со барањата на Бошњаците во почетокот на 1990-сетите години и народот во Сирија излезе на улиците со барања како што беа слобода, демократија и политички плурализам. Меѓутоа управата на Бешар Асад наместо да ги реализира потребните реформи во својата земја претпочиташе да направи се што е во нејзина можност за да ја зачува онаа своја авторитарна власт.

Слично со војната во Босна, тоа што не се стопираат вооружените судири во Сирија не произлегува од недоволност од сила и можности, туку од безволност. Русија е во потрага да ги зачува своите интереси во регионот и да го предизвикува Западот. ЕУ исто како и во однос на голем број прашања се соочува со тешкотии во презентирање на заеднички и јасен став и по прашањето на Сирија. Што се однесува до САД, не можат да бидат сигурни во тоа дали по соборувањето на управата на Асад ќе се воспостави стабилноста во Сирија. Западот се исплаши дури и од муслиманите во Босна и Херцеговина. Се појавија грижи околу тоа дека војната во Босна би можела да доведе до формирање на исламска држава во срцето на Европа. Во примерот со Сирија од аспект на САД постои и прашањето во врска со тероризмот што се врши во име на исламот и прашањето со безбедноста на Израел. Тогаш кога кон оваа равенка ќе се додадат и интересите на регионалните актери, состојбата во Сирија станува уште поискомплицирана. 

Во една ваква средина пак, меѓународната заедница само го осудува зулумот т.ј. злосторството кое што се врши врз сирискиот народ, меѓутоа за стопирање на случувањата речиси не може да стори ништо. Од друга страна исто како и во примерот на Босна и Херцеговина и судирите во Сирија не се праведни, бидејќи оружејто со кое што располага опозицијата е недоволна пред силата на режимот на Асад.

Во моментов најзначајно прашање е дали е можно да се развие одреден реален мировен проект помеѓу режимот на Асад и опозицијата. Предусловот за да би можело да се премине кон политичко решение во Сирија, поминува од воспоставување на прекин на огнот во цела Сирија.

Во случај на постигнување соодветен мировен договор пред се во Сирија ќе треба општеството да се исчисти од извршени кривични дела и да им се суди на извршителите на воено злосторство. Позначајно од тоа помирувањето на општеството во Сирија би можело да трае со децении. Што се однесува до причината, сирискиот народ стотици години живееше во исти маала, исти села и исти градови. Градинките, училиштата и сите други општествени институции беа заеднички. Војната што се води го посеа семето на злото во оваа земја. Беше избришано се што постоеше како „заедничко добро“ меѓу различните етнички и верски заедници. Меѓу соседите, другарите, пријателите па дури и роднините продре гневот. Сирија е поделена на хомогени области од етнички и верски аспект. Затоа нема да бидат избришани лесно и трагите кои што ги остави војната. Всушност секогаш ќе стојат трагите на војната секаде онаму каде што ќе се погледне, кон зградите и на лицата на луѓето. Надгробните камења пак чии датуми на смрт ќе бидат исти ќе останат како траги од војната кои што никогаш не ќе можат да се избришат.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести