Актуелно 01.01.2017

Пред да се имплементира новиот поредок ќе дојде до промена на стариот

Актуелно 01.01.2017

Сите камчиња се поставени на своето место, само се чека „последното камче“ да си го најде своето место. Меѓу учесниците во поставувањето на последното камче се наоѓа и „лично“ самиот како што беше примерот со подмолното убиство на амбасадорот на Русија во Анкара Андреј Карлов.

За евентуално изнаоѓање решение на кризата во Сирија, Ирак и Блискиот исток, односно сите кризни подрачја кои излегоа од колосек се чека 20 јануари, датумот кога новоизбраниот претседател на САД официјално ќе стапи на функција и ќе седне во Овалната канцеларија.

Несомнено дека продолжуваат дискусиите во врска со тоа дали овојпат САД ќе може да биде решение за сите пореметени рамнотежи во регионот, но во најмала рака во март или април ќе се обелоденат политиките на Вашингтон, односно Трамп и неговата екипа.

До тогаш, Турција и другите актери ќе преземат интензивни чекори да се стекнат со поголеми адути и пошироки фотелји на преговарачката маса.

Моменталната состојба е таа.

Примирјето за Сирија кое беше постигнато меѓу Турција, Русија и Иран истовремено подразбира и оддалечување на актерите од теренот кои регионот го претворија во пекол за/на невините.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рибаков рече дека нема тајна агенда меѓу Русија, Иран и Турција во врска со Сирија. Запад е принуден да го почитува договорот. Можеби секој член на постигнатиот договор нема да им се допадне на САД и некои земји членки на ЕУ. Но животот е таков, треба да се привикнете“.  (Сапад треба да го почитува договорот, Весникот „Хуријет“ 23/12).

Погледнете на состојбата во која падна САД која дури од страна на самиот Путин се смета за најголема и единствена супер сила на светот?

Рускиот претседател Владимир Путин во говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече: САД е голема сила. Моментално можеби и единствената супер сила на светот. Тоа го прифаќаме. Сакаме да соработуваме со САД и за тоа сме спремни“. (САД е единствена супер сила, 29/06 весникот Милијет)

Одбивањето на овој предлог од пред шест месеци од страна на Обама и неговата екипа, беше мета на остри критики на опозицијата во Вашингтон, но денес нема никакво значење.

Овој предлог повторно нема да и биде доставен на САД. Но во претстојните месеци САД самите ќе излезат пред овој предлог?

Како ли?

Америка, може да ја прифати и свари хегемонијата на Русија, Турција и Иран што ја воспоставија во Сирија. Но Турција не треба да дозволи да ослабат односите со Запад, а исто така и Западниот сојуз не треба да си дозволи да ја изгуби Турција. ('How the Obama administration pushed Turkey into Russia's arms', 22/12, The Washington Post.)

И не е само тоа.

Американскиот институционален поредок кој ја продолжува симбиозата со раководството на Обама, на Америка и остави многу лоша надворешна политика. Интеренсо е што покрај тоа, претстојната власт, наместо да ги надмине грешките во надворешната политика продолжува со активностите кои ја поткопуваат линијата меѓу Русија и Анкара и политиките против Русија и Путин.

Често пати ја употребувам следната метафора: Постои еден посебен Институт за Турција чиј тајминг навистина е многу осмислен.

На пример, нападот врз рускиот амбасадор во Анкара се случи на самото предвечерје на состанокот меѓу Турција, Русија и Иран. Да се потсетиме дека нападот во Бешикташ во Истанбул исто така се случи пред претсдетаелот Ердоган да отпатува за Казахстан, а која беше одложена. На денот на атентатот, претседателите на Русија, Турција и Казахстан се договараа за новиот состанок. Меѓу тврдењата за еден од членовите на постигнатиот договор се однесува за преземање заедничка борба против ПЈД/ПКК од страна на Иран и Русија па дури и Режимот во Дамаск.

Една друга силна изјава која беше обајвена веднаш по нападот беше изјавата на премиерот Бинали Јилдирим кој рече дека „Во суштина, оваа изложба претставуваше значајна манифестација на која се раскажуваше минатото, денешнината и иднината на руско-турските односи“.

Да потсетиме дека изложбата се викаше „Од Канлининград до Камчатка“!

Еден од тајминзите на нападите беше и нападот кој беше доживеан истата ноќ во Германија кој личеше на оној во Франција со шлепер.

Претседателот на Комисијата за надворешни односи на Сојузното собрание на Германија Норберт Ротген на 19 декември имаше истакнато дека „постигнувањето примирје на Турција со Русија во однос на Сирија претставува многу опасен настан“.

Исто така да забележиме дека напомената „Катастрофа за Запад“ покрај тоа што не се знае колку ќе биде силно влијанието на дипломатската катастрофа за Запад, истиот ден беше доживеано и едно одложување.

Имено тој ден во посета на Турција требаше да допатува првиот потпретседател на Иран Исак Џихангири. Но за жал оваа посета беше одложена.

И конечно соопштението кое беше објавено од страна на Русија. Според соопштенијата кои беа објавени од страна на претседателскиот дворец во Анкара и Кремљ, атентатот и случувањата во позадината беа оценети од ист аспект.

Убиството на еден амбасадор на супер сила секогаш претставува проблем. Надминувањето на една ваква криза за само неколку часа е позначајно. Секако дека голема улога во целиот овој процес има моќта на убедување на претседателот Ердоган.

Во продолжение да видиме со кој интензитет Русија прашањето го достави на дневниот ред на СБ на ОН и успеа да интервенира да се донесе осуда на нападот.

Одлуката на СБ на ОН: Зарем е малку да се натера да убиецот да ја потпише осудата?

Русија на прашањето/нападот нема да смета само од регионален аспект, истото и го препорачуваме Анкара. (Кога ќе слушнете клик на вратот, напис објавен во Јени шафак, 21/12)

Од тој момент „длабоката држава од типот на САД“ и „глобалниот институционален поредок“ функционираше на следниот начин:

16 декември: Американскиот Стејт департмент и ЦИА и се извинија на Турција поради претходно изнесеното тврдење дека Турција наводно тргува нафта со ДЕАШ. Исто така беше потсетено дека Русија не и се извини на Турција за истото тврдење.

На 18 декември американскиот претседател Обама рече дека Турција има огромна армија но сепак во Сирија навреме не го воспостави поредокот.

На 19 декември во Сибир се урна рускиот воен авион кој пренесуваше 39 патници.

На 19 декември ЕУ официјално ги пролонгира санкциите против Русија.

На 19 декември Русија соопшти дека ќе го одобри проектот Турски тек во државната Дума.

На 19 декември во Анкара беше убиен рускиот амбасадор Андреј Карлов.

На 19 декември висок претставник на Министерството за надворешни работи на Русија во Москва беше пронајден мртов во домот.

На 21 декември Кремљ соопшти дека се замрзнаа каналите за комуникација меѓу САД и Русија.

На 24 декември, генералниот ревизор на НАТО Ив Шанделон беше пронајден со куршум во главата во неговиот автомобил во Белгија.

На 25 декември во Црното море падна рускиот авион од типот Ту-154 Туполев кој полета од Сочи.

На 26 декември во Москва беше прогласена алармантна состојба, 3 железнички станици беа евакуирани.

На 26 декември беше пронајдено мртвото тело на Олег Еровинк, десната рака на претседателот на руската нафтена компанија „Роснефт“ Игор Сечин. Еровинк беше поранешен генерал на Руската разузнавачка служба КГБ кој служеше од 1976 година наваму.

На 26 декември во зградата на амбасадата на Ирак во Москва беше пронајден мртов аташето за култура Хајдар Џабар (За целата хронологија „Двете супер сили можат да ја избришат ФЕТО“, 28/12).

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на кој направи рекапитулација на изминатата година го докажа влијанието на Русија што го постигна со тројниот формат во врска со Сирија, во кој беа вклучени Турција и Иран. ЗА успешно продолжување на овој формат, а повикуваме и Америка да се приклучи на напорите на Русија, Турција и Иран, рече Путин.

На 24 декември претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: По 20 јануари на чело на Америка ќе седне новоизбраниот претседател. Ќе одржиме средби со него лично и неговата екипа. Засега завршија дел од активностите во Ал Баб, но на ред е Мунбич. По Мунбич, ако успееме да ја продолжиме соработката и со Америка, се наоѓа Рака. (Весникот „Акшам“,25/12 „Ако успееме да ја продолжиме соработката и со Америка, на ред се наоѓа Рака“).

Овие две јасни пораки се однесуваат на новото раководство, а не старото!

Рускиот државен врв во врска со атентатот врз амбасадорот Карлов во Анкара објави две критични соопштенија.

Претседателот Владимир Путин во изјавата за печатот го имаше истакнато следното: „Ако треба да бидам отворен, по соборувањето на нашиот авион мислев дека не можеше да биде соборен без знаење на турскиот државен врв и тешко ќе поверував во тезата дека беше соборен од страна на средини кои што сакаат да нанесат штета на руско-турските односи. Но по убиството на нашиот амбасадор од страна на еден полицаец, предизвика да го променам моето досегашно мислење.

Портпаролот на кремљ Пешков во изјавата рече дека „Москва чека да се соберат доказните материјали на заедничката група која раководи со истрагата. Како што рече претседателот Путин, додека да заврши истрагата во врска со атентатот, не треба да се брза со изјавите“. („Соопштение од Русија во врска со Карлов“, 21/12 Хуријет)

Овие две официјални изјави на прв поглед можеби изгледаат контрадикторно. Не треба да бидат контрадикторни.

Русија верува дека во позадината на атентатот се наоѓа обид за влошување на турско-руските односи. Исто така веруваме дека цел на овие напади се дури и влошување на руско-американските односи, особено односите меѓу Москва и Трамп.

Изразот „додека заврши истрагата“ подразбира додека „Новоизбраниот Трамп не седне официјално на претседателската функција и започне со активностите“.

Ако се земе во предвид фактот дека цел на нападот и случувањата во позадината се влошување на односите меѓу Русија и Турција плус Иран кои земји имаа доминантна позиција во Сирија и на Блискиот Исток, како и интегрирањето и на САД во овој процес, да кажеме дека двете супер сили можат да ја избришат терористичката ФЕТО. (САД дебатира дури за можноста и Русија да поднесе барање за екстрадиција на Ѓулен, 23/12, Светски билтен.)

Тајната дипломатија која ја води Трамп со Русија и другите земји се до 20 јануари кога официјално ќе седне на претседателската функција наговестува дека постои можност за обнова на односите меѓу двете супер сили. Истите сакаа да се минираат.

Таква е темната страна на институционалниот поредок. И тој старее.



Слични вести