Економијата на светот 01/2017

Фондот на Ресурси во Турција

Економијата на светот 01/2017

Фондовите на ресурси се користат од страна на голем број земји во светот. Обезбедуваат директен придонес од аспект на создавање на извори особено за економскиот раст и развојот и  долгорочните инвестирања во земјите со мал процент на штедење.

Постојат два вида на Фондови на ресурси и тоа со извор на стоки и вон стоки. Од аспект на изворот на капитал со кој што располагаат изворите кои што се состојат од приходи од извоз на природни извори како нафта и природен гас се фондови на стоки, додека изворите како што се суфицитот во тековната сметка кој што произлегува од надворешната трговија, приватизациите, фондовите и девизните резерви се фондови вон стоки.

Земји кои располагаат со најголеми фондови кои што произлегуваат од стоки во светот се Норвешка, Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Русија како земји богати од аспект на природните извори. Земја која располага со најголем инвестициски фонд во светот со 847,6 милијарди долари е Норвешка. Со Фондот на ресурси на Норвешка се инвестира во значајни фирми во светски рамки како што се Нестле, Ројал Дач Шел, Епл, Рош Холдинг, Новартис, Алфабет и Мајкрософт.

Земјите како што се Кина, Хонг Конг и Сингапур пак располагаат со Фондови на ресурси вон стоки кои што се состојат од суфицит на извозот. Кина со 813,8 милијарди долари како земја која располага со најголем Фонд на ресурси вон стоки меѓу овие земји своите инвестирања ги пренесува на проектите Иницијатива за нов Пат на свилата и Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата.

Цели на Фондовите на ресурси кои што делуваат во моментов се истакнуваат како економски раст и одбрана на националниот развој со негово пренесување на идните генерации, воспоставување на финансиската стабилност со макроекономски политики и поддршка на економскиот развој.

Придонесот на Фондовите на ресурси кон економиите на земјите пак се презентира во голем број сфери. Познато е дека овие фондови кои што го поттикнуваат влезот на капиталот особено во земјите во развој воедно им придаваат отпорност на економиите на земјите и против бранувањата, односно флуктуациите кои што би биле создадени од внатрешни и надворешни шокови. Освен тоа Фондовите на ресурси привлекуваат внимание и во сфери како што се одбрана на рамнотежата на пазарот и тоа со обезбедување финансиски извори за гигантски проекти и проток на ликвидност во финансискиот систем.

Големината на Фондовите на ресурси чие значење со секој поминат ден се повеќе се зголемува како за економиите на развиените земји така и за економиите на земјите во развој заклучно со 2016 година достигна до 7,4 трилиони долари. Фондовите на ресурси од кои приближно 80 се наоѓаат во  повеќе од 40 земји во светот се согледува дека се интензивираат на Блискиот исток и Централна Азија кои се богати со природни извори и во Далечниот исток фокусирано на центрите за извоз и финансиските центри.

Фондот на ресурси кој што го има во земјите од групата Г-20 со исклучок на Турција,  реализирајќи ги своите фази на основање на 26 август 2016 година е ставен во примена и во Турција. Капиталот за основање на овој фонд ќе се обезбеди од страна на фоднот за приватизација и ќе делува во склопот на Владата.

Со Фондот на ресурси на Турција се има за цел спречување на кршливоста на капиталот со кој што се среќаваме најчесто во земјите во развој, обезбедување финансиски средства за големи инфраструктурни и енергетски проекти, зголемување на употребата на исламските финансиски средства, обезбедување позитивен придонес за економскиот раст и зголемување на ниските стапки на штедење.

Освен тоа се очекува Фондот на ресурси на Турција да обезбеди во значаен степен извори особено за инвестирањата во реалниот сектор како локомотива на развојот, интезнивирањето на развојот со обезбедување финансиски средства за фирми кои што располагаат со стратешко значење, доловување на високи и одржливи стапки на раст во економијата и отворање на патот пред воспоставување на економската стабилност.

Фондот на ресурси основан во Турција, поради тоа што е различен од постоечките фондови, односно не е ниту фонд на стоки или фонд вон стоки туку е сосема различен фонд на ресурси, внимание привлекува и од аспект на земјите во развој.

На крајот како констатација од сето досега кажано, Фондот на ресурси кој што се појавува со цел обезбедените приходи од стоки и приходот од суфицитот во тековната сметка да обезбедат долгорочен придонес кон економијата на земјата, долги години како се користат во голем број развиени земји и земји во развој. Во тој контекст Фондот на ресурси на Турција кој што ќе се состои од извори од стоки и вон стоки би можел да одигра улога на патоказ за Турција во достигнување на нејзините цели.



Слични вести