Блискиот Исток низ призмата на Турција 01-2017

Евакуацијата на Алепо и операцијата Еуфратскиот штит

Блискиот Исток низ призмата на Турција 01-2017

По евакуацијата на Алепо, поголемиот број од туркменските опозициони групи кои се наоѓаа во составот на Слободната сириска армија  го напуштија Идлиб и најавија дека ќе се приклучат во операцијата Еуфратски штит. Во рамките на денешната емисија ќе говориме за евакуацијата на Алепо, состојбата на Туркменците во Сирија и операцијата Еуфратски штит, вели авторот на програмата Џемил Догач Ипек, асистент на отсекот за меѓународни односи при универзитетот Ататурк и продолжува:

Со новата 2017 година започнува еден нов период во Сирија. Затоа, секој актер кој е страна во кризата во Сирија повторно ја разгледува својата позиција и ја обновува стратегијата. Еден од значајните внатрешни актери на случувањата во Сирија се и Туркменците кои се сметаат за древен народ во земјата.

По евакуацијата на Алепо, поголемиот број од туркменските групи кои се наоѓаа во составот на Слободната сириска армија го напуштија Идлиб и почнаа да се приклучуваат кон операцијата Еуфратски штит. (На 24 август 2016 Турските вооружени сили заедно со силите на Слободната сириска армија и Туркменските единици ја започнаа операцијата Еуфратски штит во Џераблус кој се наоѓа под контрола на ДАЕШ/ИСИС). Туркменските воени единици  како што се Бригадата на Туркменците Мунтасир биллах, Бригадата Фатих Султан Мехмет и Бригадата Султан Мурат го завршија преминот во Сирија.

Наведените туркменски бригади имаат свои штабови во подрачјето меѓу Азез и Џераблус. Туркменците подолг период херојски војуваат против тероризмот на силите на ДАЕШ/ИСИС за одбрана на своите територии. Со приклучување на групите кои беа евакуирани од Алепо, ќе се зајакнат позициите во подрачјето меѓу Азез и Џераблус, а исто така ќе се засилат и групите на Слободната сириска армија пред Ал Баб. Поради безбедносни причини не можеме да дадеме детални информации за бројката на Туркменците, но слободно можеме да кажеме дека станува збор за значајно учество и приклучување.

За да не дојде до нанесување штета на невините цивили во тешките зимски услови и невините цивили во градот, турските вооружени сили многу внимателно напредуваат кон Ал Баб. Треба да нагласиме дека отпорот кој што досега го покажа ДАЕШ против ПКК/ЈПГ, во Ал Баб е десет пати поголем. На пример, нашите сили во рамките на операцијата Еуфратски штит досега уништија 2335 рачни експлозивни направи и 42 мини на ИСИС. Секако дека во отпорот на ДАЕШ голема улога има и Запад. Како резултат на одложувањето на операциите од страна на Запад врз Рака и Мосул, организацијата се стекна со можност да префрли сили во Ал Баб.

Турција со потфатот во Ал Баб се подготвува да нанесе тежок удар на ДАЕШ и да го затвори евентуалното отворање на коридор за ПКК на  северот на Сирија. Градот Ал Баб има стратешко значење за формирање безбедносна зона на северот на Сирија.

Северна Сирија многу се разликува од останатите делови на земјата (слично како што се разликува Северен Ирак од останатите делови на земјата). Оваа област треба да се вреднува заедно со Југоисточна Анадолија и северен Ирак како една целина. Во периодот на турската империја, Југоисточна Анадолија, Северна Сирија и Северен Ирак се управуваше преку вилјатетите Дијарбакир, Алепо и Мосул.

Денес меѓу Азез и Џераблус се наоѓаат околу 150 туркменски села кои се простираат и на источната страна на реката Еуфрат. На источната линија на Еуфрат се наоѓаат околу 60 туркменски села. На териториите меѓу Алчаккојунлу и Мунбич се наоѓаат над 50 туркменски села. Јужно од Мунбич се наоѓаат околу 15 туркменски села. Североисточно од Алепо, меѓу Чобанбеј и Баб се наоѓаат околу 50 туркменски села. Меѓу Џераблус  притоката Саџур Сују на реката Еуфрат се наоѓаат околу 25 туркменски села. Јужно од Саџур Сују се наоѓаат над 20 туркменски села. Во продолжение на овие села се до Белих и источните предели на Еуфрат се наоѓаат околу 60 туркменски села.

Во последно време ДАЕШ доживува одредено назадување на северот на Сирија особено во борбата против Република Турција и сојузниците. Во случај да го изгуби и градот Ал Баб, во голема мера ќе бидат изолирани. Оваа состојба може да предизвика сериозни борби за териториите кои се наоѓаат под контрола на ДАЕШ, меѓу силите на опозицијата кои се подржани од Турција и терористичката организација ПКК/ЈПГ и силите на режимот на Асад.

Во претстојниот период, на преден план се очекува повеќе да излезат операцијата Еуфратски штит и Туркменците во Сирија како на терен така и на преговарачката маса. Во случај меѓународната заедница да пружи поддршка, Туркменците можат да одиграат значајна улога во воспоставувањето на демократски и секуларен поредок во Сирија. Туркменците кои се држат настрана од радикалните струи и движења, ако се стекнат со доволна поддршка и моќ, тогаш како во вооружената борба така и во идејната борба ќе ги победат претходните радикалци и нивните наследници.  На тој начин и Европа ќе може да се заштити од бранот на бегалците и џихадистичките терористички организации на тема Евакуацијата на Алепо и Еуфратскиот штит.



Слични вести