Актуелно 02/2017

2017: Година кога ќе пресуши тероризмот...

Актуелно 02/2017

Никој не кажува, не може да каже, бидејќи не сфатија што се случува...

Треба да се опише на начин на кој што ќе се соберат и појаснат сите глобални, регионални и локални политички динамики и практики.

Се гледа дека претседателството на Доналд Трамп ги покажува знаците на раскинување на надворешната политичка историја на САД од поредокот кој што доаѓа уште од 1950-сетите години до  денеска.

Портпаролот на германското министерство за надворешни работи Мартин Шефер рече: „Верувам дека е невозможно да се реши судирот без да се ограничи силата на Асад.“ Велејќи го и тоа дека не се променети долгорочните планови на Германија, портпаролот на германското министерство за надворешни работи рече: „Со задоволство го дочекуваме процесот на прекин на огнот во Сирија кој што е остварен под гаранторство на Русија и Турција.“

Британскиот весник „Индепендент“ напиша: „Најдобар одговор на нападот на ноќниот клуб Реина е да се оди на одмор во Турција. Патувањето е наградувачко искуство и за туристот и за земјата која се посетува. Кога ќе се размисли за милиони луѓе кои секоја година ги посетуваат Истанбул и крајбрежјата на Турција вашата шанса да се соочите со било каква опасност е крајно мала...“

Британски „Тајмс“ го напиша следното: „Западот треба да и даде целосна поддршка на Турција. На тој начин на Анкара треба да и се даде пораката дека на мировните разговори кои што би можеле да започнат во иднина Турција би можела да го претставува и Западот. Западните земји треба да ги споделат со Турција целокупните разузнавачки информации со кои што располагаат по прашањето на ДАЕШ.“

Како што јави рускиот информативен сервис „Спутник“ францускиот претседател Франсоа Оланд кој престојуваше во посета на Ирак во оваа прилика рече: „Поддршката што се дава на борбата против тероризмот ќе обезбеди спречување на нападите против Франција. Додека тие не напаѓаат нас, се подготвуваат да реализираат напад врз нашите територии, ние ќе водиме војна против сите нив. Во сириската криза пак сме на страна на политичко решение.“  

Одделно прашање е тоа дали оние кои се противат на операцијата Еуфратски штит како да се реализира против нив, ќе се опаметат од тоа што го велат, меѓутоа е јасен тајмингот на чекорот што го фрла Париз кон Багдад и Ербил.

Имено, и посетата на премиерот Бинали Јилдирим на Ирак претставува дел од примената на поефикасна турска надворешна политика.

Оваа посета е значајна за Багдад и во врска со прашањето со Сирија. Показател за тоа е и она што го алудираше ирачкиот премиер на остварената средба со Оланд, а кој рече: „Извршител на нападот во Истанбул и во други места низ светот е глобалната терористичка организација.“  

Овде секако се значајни и изјавите на ирачкиот премиер во врска со судбината на терористичката организација ПКК: Нема да прифатиме ПКК искористувајќи ги ирачките територии да реализира напади против Турција.“

Кога се осврнавме на Багдад овде да го кажеме и тоа дека иранскиот претседател Хасан Рухани го рече следното: „Во Истанбул се соочивме со еден жалосен настан. Овој настан покажа дека се додека не се спротивставиме против тероризмот и додека не го уништиме овој вирус нема да се покажува милост кон никого. Не се точни тврдењата дека Иран нема дадено придонес во договорот за прекин на огнот во Сирија кој што е постигнат на иницијатива на Турција и Русија. Иран одигра значајна и активна улога во борбата против тероризмот и во дипломатијата. Постојано сме во контакт со Сирија, Русија и Турција.

Во изминатиот вторник премиерот Бинали Јилдирим во својот говор што го одржа пред пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) го рече следното: „Доналд Трамп да стави крај на овој срам (применувањата на Обама). И ако не стави крај ние ионака го продолжуваме нашиот пат.“

Работата е во ова: Тогаш кога ќе ги подобриме нашите односи со САД и Западот да не бидат направени истите грешки.

Изгледа дека нема да бидат направени од страна на Анкара.



Слични вести