Балканска агенда 02/2017

Нова влада, нови надежи во Романија

Балканска агенда 02/2017

На 1 јануари 2017 година се одбележа 10-годишнината од членството на Романија во ЕУ. И покрај тоа што членството во ЕУ и обезбеди извесни економски придобивки на Романија продолжува скапиот живот во секојдневниот живот во оваа земја за обичните граѓани. Владата на Сорин Гриндеану која стапи на должност во изминатава среда соопшти дека ќе преземе мерки со кои што ќе се зголеми просперитетот на народот. И покрај тоа што новата влада ја очекуваат големи предизвици во економска сфера заедно со формирањето на владата на Гриндеану Романија се врати од работ на една голема политичка криза. 

Тогаш кога беше примена во членство во ЕУ во 2007 година приходот на лице во Романија изнесуваше некаде околу 43-насто од просечниот приход во Унијата, додека заклучно со крајот на 2015 година овој приход се зголеми на 57-насто. Според пдоатоците на Еуростат во истиот период процентот на луѓето во сиромаштија и ризик од социјална исклученост во Романија од 47-насто се намали на 37,4-насто.

Во периодот јануари 2007-ноември 2016 година Романија од ЕУ обезбеди безповратен фонд во износ од 40,4 милијарди евра. Во истиот период придонесот на Романија кон буџетот на ЕУ остана ограничено со 13,6 милијарди евра. Кога ќе се земат во предвид овие податоци јасно се гледа дека Романија обезбеди економски придобивки од членството во ЕУ. Сепак романскиот народ верува дека ова економско подобрување не е премногу рефлектирано, односно одразено на него. Имено во 2007 година процентот на оние кои велеа дека се задоволни од условите на живот во Романија  изнесуваше 51-насто. Кога е дојдено во 2016 година пак се согледа дека овој процент достигна до 58-насто и можеше да се зголеми само за 5-насто.

Спротивно на овие бројки некои граѓани веруваат дека членството во ЕУ уште повеќе ја осиромаши Романија и стана причина да се соочи со проблем на сериозен одлив на мозоци. Во извештај подготвен од страна на ОН се претпоставува дека 3,4 милиони романски граѓани работат во странство. Владата на Сорин Гриндеану која официјално стапи на должност минатата среда и која е составена од коалицијата на Социјалдемократската партија (ПСД) и Алијансата на либералите и демократите (АЛДЕ) за да не би биле приморани романските граѓани да бараат работа во странство вети дека ќе создаде работни места со подобри примања.

Социјалдемократската партија (ПСД) која на одржаните парламентарни избори на 11 декември 2016 година освои приближно 46-насто од гласовите на бирачите и успеа да излезе како прва партија од изборите вети социо-економски ветувања кои што не би можеле да бидат одбиени од страна на народот. На чело на ветувањата на Социјалдемократската партија (ПСД) беа поголеми плати за работниците и пензионерите, поголеми јавни трошоци во сфери како што се здравството, образованието и инфраструктурата, формирање на специјален инвестициски фонд, поттикнување на претпријатијата од мал и среден обем, финансиска поддршка за младите и пониски даноци за сите граѓани. Затоа најтешка работа во новата влада ќе има министерот за финансии Виорел Стефан. Доколку романската економија годишно оствари просечен економски раст од 5,5-насто и можат да се искористат фондовите на ЕУ во повисок степен, министерот за финансии Стефан се надева дека би можел да ги применува ветувањата на својата влада.

И покрај тоа што за нов премиер на Романија е назначен Гриндеану се верува дека најголема тежина во управата ќе има претседателот на Социјалдемократската партија (ПСД) Ливиу Драгнеа. Имено се вели дека Драгнеа на клучни функции во новата влада ги постави своите најверни соработници. Драгнеа со образложение дека на одржаниот референдум во 2012 година бил замешан во измама со донесена судска одлука во април 2015 година доби двегодишна условна казна. Поради тоа Ливу Драгнеа не можеше да стане нов премиер на Романија.

Драгнеа најпрвин за кандидат за премиер на Романија ја предложи Севил Шаидех од турското малцинство, меѓутоа романскиот претседател Клаус Јоханис искористувајќи го своето уставно право го отфрли предлогот Шаидех да стане премиерка. Според информации во романскиот печат, Севил Шаидех не беше прифатено да стане премиерка поради нејзиниот сопруг Акрам Шаидех кој инаку е родум од Сирија и за кого се тврди дека е близок со режимот на Асад.

Поради случајот со Севил Шаидех дојде до затегнатост помеѓу Драгнеа и претседателот Јоханис. Меѓутоа за да не биде зголемена уште повеќе политичката криза на крај беше договорено нов премиер да стане Сорин Гриндеану. Сепак и покрај овој компромис голема е веројатноста во иднина да дојде до проблеми во односите помеѓу Драгнеа и претседателот Клаус Јоханис. Што се однесува до Севил Шаидех таа во новата влада ќе ги извршува функциите потпретседателка на владата и министерка за регионален развој.

Тоа што за министер за надворешни работи во новата романска влада е назначен искусниот дипломат Теодор Мелескану би можело да се оцени како показател за тоа дека Романија во наредниот период ќе следи поактивна надворешна политика. Инаку, Мелескани изјави дека ќе им посвети посебно значење особено на развојот на билатералните односи со соседните земји, на економската дипломатија, дијаспората, а воедно и на зајакнувањето на позицијата на Романија во рамките на ЕУ и НАТО. Освен тоа новиот романски министер за надворешни работи Теодор Мелескану ќе треба да ја подготви својата земја и за претседателствувањето со ЕУ во 2019 година.

 

Автор на програмата е доктор Ерхан Турбедар



Слични вести