Поштенска кутија 01/2017

Во нашата програмска шема за 2017 година воведовме една нова емисија која ја насловивме како Поштенска кутија

Поштенска кутија 01/2017

Во нашата програмска шема за 2017 година воведовме една нова емисија која ја насловивме како Поштенска кутија а која ќе се емитува секој прв петок во месецот.

Поштенска кутија ќе биде наменета токму за вас,нашите редовни слушатели,поточно за вашите писма или друг вид на дописи било преку електронска пошта или преку вашите пораки на нашата фејзбук страница.

Денешната емисија ќе ја посветиме на честитките по повод новата 2017 година кои пристигнаа од вас.

Им благодариме на нашите Фејсзбук пријатели кои ни испратија честитки по повод роденденот на нашата страница и ни ја честитаа новата 2017 година со многу убави желби.

Голема благодарност до :

Метин Дегерли кој ни пишува : Драга редакцијо, среќна нова година и многу успеси.

 Потоа до  друштвото Ејуп Румели и претседателот Али Доган кој ни ја честита новата 2017 година и ни пожелува успех во нашата понатамошна работа.

Потоа до друштвото Ускуп Брезалилар и претседателот Фахри Бадем кој што исто така ни упатува честитки по повод новата 2017 година.

Честитки по повод новата 2017 година ни испратија и друштвото Тум Балканлилар Дернек и претседателот Мехмет Селамет.

Благодариме на честитките со надеж дека и понатаму ќе контактираме со вас.И понатаму ги очекуваме вашите писма или пораки преку електронска пошта, телефон или Фејзбук со ваши мислења, сугестии и предлози.

Само за потсетување да кажеме дека исто така ги очекуваме и вашите одговори на нашата наградна игра Месечно наградно прашање, кое претставува добра можност за добивање на прекрасни награди од нашата куќа Турска радио телевизија,емисија на македонски јазик.

Нашата адреса гласи :

ТРТ Радио глас на Турција,

Емисија на македонски јазик,

Поштенска кутија 333,06 443,Јенишехир,Анкара,Турција

Tелефон : 00 90 312 463 34 06

Електронска пошта makedonski@trt.net.tr

Среќни новогодишни празници со желба за здравје,среќа и многу радост.

Нашата идна средба во контакт емисијата Поштенска кутија ќе биде на 3 .февруари во петок на брановите на Радио Глас на Турција.



Слични вести