Економијата на светот 02/2017

Индивидуалниот пензиски систем во Турција (BES)

Економијата на светот 02/2017

За формирање на капитал како камен темелник за развојот во економијата значајно е да се зголемат стапките на заштеда. Затоа земјите треба да ги стават во акција механизмите за зголемување на стапките на заштеда. На чело на механизмите за зголемување на заштедата пак се наоѓа Индивидуалниот пензиски систем кој што во Турција накусо се нарекува BES. Во голем број развиени земји и земји во развој во светот постојат институции за капитал кои оперираат со фондовите за индивидуално пензионирање и кои со своите карактеристики како институционален инвеститор и можноста за обезбедување долгорочни фондови за пазарите се од големо значење.

Редовната заштеда на единките во развиените земји и земјите во развој во периодите во кои обезбедуваат приходи, трансформирањето на овие свои заштеди и системот кој што е формиран над добивање дополнителен приход за време на своето пензионирање се нарекува Индивидуален пензиски систем. Кога ќе се погледне кон развиените земји се согледува дека Индивидуалниот пензиски систем е едниот од најзначајните фактори во високата стапка на заштеда. Освен тоа економиите на голем број земји во развој кои се зависни од влезот на краткорочен капитал, благодарение на Индивидуалниот пензиски систем и го зголемува степенот на просперитет на единките во периодот на пензионирање и обезбедува сериозен извор за економијата со фондовите кои што се собираат.

Индивидуалниот пензиски систем се разликува меѓу земјите од аспект на начинот на применување. Додека во некои земји овој систем го надополнува системот за социјално осигурување, во некои земји се појавува пред нас како алтернатива на системот за социјално осигурување.  Индивидуалниот пензиски систем е систем со англо-саксонски модел и успешно се спроведува во земји како што се САД, Англија, Австралија и Холандија.

Обезбедува стапките на заштеда во економијата да изнесуваат над 50-насто и инвестирањата кои што ќе се реализираат во земјата во голема мера да можат да се финансираат преку заштеди.  Тоа е крајно значајно од аспект на земјите како Турција кои што се желни за инвестирање, меѓутоа кои се соочуваат со проблеми по прашањето на обезбедување на финансиски средства. Турција која располага со економија во развој од аспект на капиталот е зависна од надвор.  Покрај оваа нејзина зависност и стапките на заштеда во земјата се движат на ниско ниво во споредба со голем број други земји.

Во тој контекст Индивидуалниот пензиски систем кој што почна да се применува во 2003 година и почнувајќи од 1 јануари 2017 година стана задолжителен ќе одигрува функција на значаен механизам во зголемувањето на стапките на заштеда кои што се движат на ниско ниво во Турција. Начинот на приклучување кон системот во некои земји е задолжителен, а во некои земји е по избор. Со цел да се зголемат стапките на ниска заштеда кои што се наоѓаат на чело на недостатоците од  институционални реформи како еден од најголемите проблеми на турската економија, применувањето на Индивидуалниот пензиски систем во Турција е задолжително. Основна цел на ова е да се поттикне зголемувањето на домашните заштеди, единките да реализираат редовна заштеда и својот животен стандард во периодот на работа да го продолжат и во периодот на пензионирање и обезбедените заштеди да се вратат како средство на инвестирање во економијата на земјата.  

Кога ќе фрлиме поглед кон методите на функционирање на задолжителниот Индивидуалниот пензиски систем кој што почна да се применува во Турција, се согледува дека во системот ќе бидат вклучени лица родени по 1972 година. Односно се воведува задолжително индивидуално пензионирање за вработените под 45 годишна возраст. Во тој контекст се очекува во системот да бидат вклучени над 14 милиони вработени. Најниското кратење од платите на вработените лица ќе изнесува 53 турски лири, а највисокото кратење 340 турски лири. На вработените кои ќе бидат вклучени кон системот освен тоа во рок од два месеци ќе им се признае право на повлекување, односно излегување од системот. Тоа што на секоја единка која ќе влезе во системот од страна на државата ќе се даде плус придонес од 25-насто и како додаток на тоа ќе се достави дополнителен придонес од 1.000 турски лири претставува значаен поттик како единките во иднина да живеат спокоен живот, така и да си ги зголемат стапките на заштеда.

Растот во стапката на заштеда е од големо значење од аспект на економската стабилност и економскиот раст. Стапките на заштеда кои што ќе се зголемуваат заедно со системот ќе одиграат значајна улога во реализацијата на инвестирањата и големите проекти за инфраструктура и транспорт. Освен тоа по пат на тоа ќе биде фрлен значаен чекор во продолжувањето на стабилноста во економскиот раст. Заедно со тоа крајно значајно во име на турската економија е и тоа што со овој систем ќе бидат надминати и ниските стапки на заштеда кои што ги наведуваат институциите за кредитен рејтинг кои долги години и покрај тоа што не заслужува ја намалуваат оценката на Турција и во секоја прилика продолжуваат со шпекулации над турската економија.



Слични вести