На локалните избори победија граѓаните на Македонија

Победата на Зоран Заев и на коалицијата „Живот за сите“ на неделните локални избори е величествена

На локалните избори победија граѓаните на Македонија

     Во изминатата сабота ( вечер, пред изборите)Лидерот на опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија, Никола Груевски, лидер во заминување, бил цврсто убеден дека тој и неговата партија ќе однесат голема победа на локалните избори што се одржаа во неделата на 15 октомври.Еден од неговите најблиски соработници, човек што веројатно ќе одигра една од поважните ролји во детронизирањето на деспотот, се обидел да го убеди својот видно расположен шеф дека анкетите покажуваат дека на повидок е пораз. Но, тој едноставно не сакал да поверува во очигледното. Додуша, редно е да си признаеме дека малку кој предвидуваше ваков триумф на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија. Да, за победа се зборуваше и се пишуваше наголемо, но ваков дебакл на ВМРО-ДПМНЕ очекуваа само најголемите, професионални оптимисти. И секако, тие што можеби имале добри инсајдерски информации дека машинеријата на некогаш неприкосновениот лидер Груевски е толку зарибана што веќе не е способна да ги мобилизира дури и избирачите во средините што традиционално се сметаа за вмровски бастиони.

      Сепак, главниот фактор што го дефинира изборниот резултат по првиот изборен круг е организацијата на изборите, за која првпат по цели 11 години се погрижи владата на Зоран Заев. Многумина од нас, со години, а особено од 2011 година наваму, говоревме и пишувавме дека ВМРО-ДПМНЕ победува само на изборни “кланици”, но изгледа никој од нас не можеше да процени колку многу гласови на Груевски му носат стравот, изборната корупција, клиентелизмот и изборните нерегуларности. И ете, сега видовме и се вџашивме, станува збор за најмалку 100.000 гласови!

        Навикнат секоја изборна трка да ја почнува со таква предност, сега веќе оддалечен од реалноста, разбирливо е што Груевски не можел да процени дека ги губи изборите и дека на денот на изборите, после 19 часот, на говорницата ќе остане осамен, со одглумена кисела насмевка, со плачен глас да се жали на наводни изборни нерегуларности, но и со обврската што сепак не можеше да ја избегне – да преземе лична одговорност за дебаклот. Време е овој истрошен човек, кој, ќе остане запаметен како најмрачната политичка фигура од создавањето на македонската држава во 1945 година до денес, да поднесе оставка и да се повлече од политиката.

      Победата на Зоран Заев и на коалицијата „Живот за сите“ на неделните локални избори е величествена.Да потсетиме дека Државната Изборна Комисија (ДИК) потврди дека на овие локални избори СДСМ освои 37 општини, плус градот Скопје, доека неговиот ривал партијата на Никола Груевски ВМО-ДПМНЕ освои се на се 3 општини.

       Победа над очекувањата, чиста како солза, победа на која не може да и се стави ни најмала забелешка. Се потврди тоа што совршено добро го знаеше Груевски. Без контрола над државните пари и над полицијата, тој не можеше да победи и да победува. Токму тоа го призна, во една од „бомбите“ на Заев и неговата некогашна десна рака Гордана Јанкуловска, кога рече дека нивните изборни победи во серија биле без „лезет“. А биле, затоа што биле брутална „криминализација на изборниот процес“.

        Заев и неговите соработници имаат право да бидат горди на таа победа. Сега е извесно дека таа победа разоткри огромни демократски потенцијали кај обичниот свет. Тој свет во неделата, како што сликовито се изрази екс пратеникот Сафет Бишевац, заби „глогов колец“ во срцето на злото наречен груевизам. Се надеваме, еднаш за секогаш.

       Во својот говор пред владата на РМ, премиерот Заев како, впрочем и неговите соработници, беше доволно присебен во својата видлива понесеност и егзалтација од чудесната победа, да ја каже „простата и строга“ вистината за неа. А вистината е дека: победија граѓаните на Македонија кои беа газeни, понижувани, уценувани и ограбувани во тек на десeт години од бездушниот, див, неук и пред сè, примитивен и груевизам.

(Авторот Ремзи Џанова е новинар во Македонија)



Слични вести