Блискиот исток низ призмата на Турција 42/2017

Саудиско – иранска конкуренција на Блискиот исток и во Африка

Блискиот исток низ призмата на Турција 42/2017

Конкуренцијата меѓу Саудиска Арабија и Иран на Блискиот исток и во Африка се повеќе се вжештува. Оваа нивна меѓусебна конкуренција ќе биде тема во денешното продолжение од серијалот Блискиот исток низ призмата на Турција.

За темата имаме коментар на Џемил Догач Ипек предавач на катедрата за меѓународни односи на универзитетот Ататурк.

Се чини дека сите настани кои што се случуваат во нашиот поблиски и подалечен регион имаат врска со Блискиот исток. Како прво палестинското прашање, граѓанската војна во Либан, потоа војната во Авганистан, ирачко-иранската војна , нешто потоа окупацијата на Ирак, па потоа арапската пролет, и сега како најново  конфликтите во Јемен и во Сирија. Но не само тоа, сериски потреси се забележуваат и во останатите подрачја во светот кои имаат било какви врски со регионот на Блискиот исток, како што се Индија и Пакистан, Кашмир, Западна Сахара, Филипините, Еритреја, Кавказот, Судан, Субсахарска Африка и другите каде што повремено се случуваат воени конфликти.

Субсахарска Африка и Нигерија во последните години стануваат арени на меѓусебната конкуренција на Саудиска Арабија и Иран, а главната причина за оваа нивна конкуренција е се поевидентниот раст на шиитското населние во овој дел на Африка. Нигерија е крајно значајна држава како за Субсахарска Африка така и за светот, бидејќи таа е важен американски снабдувач со нафта, но и земја каде во значителен број живее муслиманско населние.

Факт е дека шиитското население доживува брз раст во Нигерија. Од друга страна во пределот на Западна Субсахарска Африка се забележува присуство на  суфистите и тоа во регионите почнувајќи од Сенегал па се до Кенија.

Од 80’тите години на минатиот век скоро во секоја африканска држава се забележува формирање на шиитски групации како резултат на иранската поддршка на идејата за ширење на шиитското учење.

Од друга страна може да се констатира дека постоењето на Нигерија како во политиката на Саудиска Арабија така и во политиката на Иран претставува тактичка мерка. Иран калкулира со можноста да го намали влијанието на Саудиска Арабија и на Египет кај муслиманите во Африка, а за постигнување на оваа цел Иран постојано ги засилува шиитските групи во земјите од овој дел на Африка.

Иран цели кон тоа да го зголеми бројот на земјите со кои ќе соработува па дури и површински, наспрема САД и Саудиска Арабија. Во овие рамки можеме да го оцениме иранско-африканскиот самит што се одржа во Техеран во 2010 година. Сепак Иран се соочува со извесни проблеми во остварувањето на оваа своја идеја пред се поради раширеното влијание на САД и на Саудиска Арабија во овој дел на Африка. Не е исклучено Саудиска Арабија да врши одреден притисок врз муслиманите во земјите од Субсахарска Африка, факт кој што може да се потври со неодамнешната турнеја на министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адил ел Џубеир на земјите од Западна Африка.

Конечно факт е дека Африка има големо значење за Саудиска Арабија како и за безбедноста на регионот на Црвеното море. Факт е исто така дека меѓусебната конуренција на Саудиска Арабија и Иран се одразува не само во земјите на Западна Африка туку и на оние во нивното опкружување. Не треба да се заборави фактот дека Нигерија одржува доста добри односи и со Израел, на кој смета како на важен економски партнер.

Од сето ова неминовен е заклучокот дека во следниот период може да се очекува засилување на конкуренцијата меѓу Саудиска Арабија и Иран на африканскиот континент.

Субсахарска Африка како да има доста сличности со Блискиот исток во делот кој што се однесува на идеолошките струења, економијата, па дури и социолошките карактеристики. Во последно време стануваме сведоци на нови случувања во Субсахарска Африка, и тоа случувања чие влијание може да се прошири и на поширокиот регион.

Кога сме веќе тука не треба да ја заборавиме и Турција, и на нејзините среднорочни и долгорочни политики кон Блискиот исток и Субсахарска Африка.

 



Слични вести