Актуелно 43 / 2017

Турција и Србија кои до вчера беа во заладени економски и политички односи денеска се фалат дека негуваат блиски политички и економски односи и дека се дури и стратегиски партнери.

Актуелно 43 / 2017

Национализмот и расизмот стануваат се повеќе опасни во земјите од западна Европа. По Германија, Холандија и Белгија и граѓаните на Австрија се определија за десните партии и нивните политики на изборите што се одржаа изминатата недела.

Победник на минатонеделните избори во Австрија е Народната партија, позната како десна и непријателски располложена кон муслиманите. На второто место според бројот на освоените гласви се наоѓа Партијата за Слобода на Австрија ултра десна партија позната по нацистичките и расистичките реторики.

И на неодамнешните избори во Германија ултра десните партии како и партиите кои шират непријателство кон муслиманите го проширија своето гласачко тело. Ситуацијата толку многу се промени во Германија што дури и  социјал демократите кои себеси се претставуваат како бранители на човековите права и демократијата во предизборната агитација не се воздржуваа од националистички и расистички реторики особено кон странците,бегалците и муслиманите.

Изборите во Австрија уште еднаш покажаа дека Европа мошне брзу се ориентира кон расизмот. Не е за чудење тоа што Европа која од 1945 година живее во мир во последниот перио да станува сцена на националистички и расистички индиценти, реторик, пропаганди и појави.

Од како што постои пишаната историја на секои 100 или помалку години во Европа се водела војна, или војни. Најдолгиот мирен период во Европа досега е периодот после Втората светска војна.Причината за тоа е мировниот договор и последиците кои беа негов резултат.

Другата причина е во тоа што Европа излезе тотално разурната од Втората светска војна и со тотално уништена економија.

Денеска повеќето од „историските градови“ кои што ги гледаме во Европа биле целосно сравнети со земја во текот на Втората светска војн .Сите културно историски објекти во овие градови во Европа беа сравнети со земја од бомбардирањата како од земја така и од воздух. Од 1945 година до 1970 година Европа ги санираше раните од Втората светска војна. Крајот на овој мирен период беа 60’тите години од минатиот век, исполнети со младински движења. Тероризмот во европа одзеде неколку премиери кои беа киднапирани и потоа убиени, како што беше италијанскиот премиер Алдо Моро кого левата терористичка организација Црвените бригади го киднапира и потоа го ликвидираше. Само 10 години по убиството на Моро ,терористичката организација ПКК го ликвидира шведскиот премиер Олаф Палме насред Стокхолм. Кога Европа ј увиде опасноста од тероризмот веднаш ги избриша сите терористички организации. На пример светот дозна дека една ноќ сите затворени припадници на терористичката организација Баадер- Меинхоф извршиле самоубиство во затворот каде биле затворени. Западниот свет денес ги трпи маките од долгогодишното толерантно однесување кон терористичките организации. Денес е потребна само една искра за непријателството кон странците во Европа да се претвори во расизам и микронацизам.

Се поствува прашањето со какво чувство ќе се вратат во своите земји иладниците бегалци муслимани кои бегајќи од воените конфликти во сопствените земји, спасот го побараа во западно европските држави ,од каде или беа протерани или самите се вратија назад неможејќи да издржат на разните притисоци на нацистичките и расистичките средини. Тоа ќе биде како бумеранг кој ќе се врати во правецот од каде што полета.

Ете на пример во Шпанија, Каталонците сакаат да се отцепат од централните власти во Мадрид. Каталанскиот национализам со центарот во Барцелона ја гризе Шпанија. Но и тоа нема да биде крајот бидејќи национализмот ќе ги гризе и самите Каталонци. Барцелона која денеска ја прикажуваат како главен град на Каталонија не е ниту шпанска ниту каталонска земја. За тие што не биле во посета и не знаат многу за Барцелона да кажеме дека Барцелона стана културан престолнина на Шпанија благодарение на Арагонците. Барцелона е  арагонска од историјата до културата. Арагонците се внуци на кралот Фердинанд, и се познати како династија со неверијатно чувство за микро национализам. По се изгледа дека откога ќе се отцепат од Шпанија Каталонците ќе имаат големи главоболки со Арагонците.

Да потсетиме дека Арагонците беа најголемите  поборници на инквизицијата, антисемитизмот и извршители на геноцидот над Евреите. Е сега после ова се прашуваме како Каталонците ќе излезат на крај со Арагонците после отцепувањето од Шпанија.

Национализмот кој во последно време воскреснува во Германија, Белгија, Италија, Франција и во Скандинавските држави полека полека се претвора во микронационализам. Баварија, најбогатата и најголемата германска покраина уште од сега ја крена главата. И Шведска се состои од 11 покраини. Внуците на славните Викинзи веќе почнаа да си ги покажуваат забите едни на други.

Франција има проблеми со Корзика и со другите покраини, а Грција која со години се дави во економски проблеми во последно време се соочува со опасноста од националзмиот исто така.

Минатата недела претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган престојуваше во официјална посета на Србија на покана на српскиот претседател Александар Вучиќ. Нема човек кој не знае за историската нетрпеливост меѓу српскиот и турскиот народ. Како последен пример маките и страдањата на муслиманите во војната во Босна со нож се сеуште врежани во срцата на турскиот народ.

Сепак турскиот лидер Ердоган се залага за развивање на трговските и економските односи наспроти овој нов бран на национализмот и шовенизмот во Европа. Еден друг европски лидер кој што исто така ја увидува опасноста од растечкиот национализам и шовинизам во Европа е секако српскиот претседател Александар Вучиќ. За време на престојот на претседателот Ердоган во Србија, претседателот Вучиќ беше постојано во негова придружба и честопати велеше дека светот повеќе не е оној истиот кој што беше во 16 .век привлекувајќи го вниманието кон српско-турското пријателство.

Меѓусебната блискост на двајцата лидери како да претставува одговор на појавите на расизмот и шовинизмот во Европа. Двете земји Турција и Србија кои до вчера беа во заладени економски и политички односи денеска се фалат дека негуваат блиски политички и економски односи и дека се дури и стратегиски партнери.

Денеска националистите и шовинистите можеме да ги видиме под покривот на Европскиот парламент и Европската комисија. За жал постои стравување дека националистичките изјави на Меркел и на Курц можат мошне лесно овие две европски институции да ги претворат во места на сувереност на расизмот и расистите.

Автор , Ердал Шимшек



Слични вести