Блискиот исток низ призмата на Турција 43 /2017

Погрешната проценка на Регионалната курдска управа на северот на Ирак се одрази негативно на Киркук

Блискиот исток низ призмата на Турција 43 /2017

Централните власти во Багдад ги исполнија предупредувањата до северот на земјата откога Регионалната курдска управа на овој дел го спроведе нелегитимниот референдум за независност. Наша тема денеска ќе биде токму тоа, како  нелегалниот референдум за независност се одрази на Ирак но и на поширокиот регион.

За темата имаме коментар на Џемил Догач Ипек предавач на катедрата за меѓународни односи на универзитетот Ататурк.

По нелегитимно спроведениот референдум за независност од страна на Регионалната курдска управа на северот на Ирак, централните власти во Багдад интервенираа по што Регионалната курдска управа на северот на Ирак се повлече на паралелата 2003.

Се поставува прашањето како се дојде до сета оваа ситуација? Накусо да потсетиме:

Со појавата на ДЕАШ централните власти во Багдад ослабеа, а како резултат на тоа се засилија властите во северот на земјата кои ги надминаа своите граници. Тоа го направија и во Киркук град претежно населен со Туркмени. Барзани ја искористи слабоста на централните власти во Багдад, така да со помош на меѓународните коалициски сили успеа да освои неколку важни пункта на линијата Синџар-Ханекин,каде се зацврсти и соопшти дека нема да ги напушти. Референдумот за независност беше само еден сегмент од целиот овој процес.

Неговите приврзаници беа воодушевени кога тој и покрај сите противења  беше решителен да го спроведе референумот за независност. Особено КДП-Демократска партија на Курдистан и другите фракции кои го поддржуваа Барзани, беа целосно убедени дека после референдумот ќе следи период на независност, како и тоа дека референдумот претставува само прв чекор до независност. Централните власти во Багдад неколку пати ги предупредија властите на  Регионалната курдска управа на северот на Ирак да се откаже од идејата за спроведување на референдум за независност,а паралелно со тоа ги покрена сите  правни механизми за спроведување на своите закани. Во сиот овој период Турција и Иран контактираа на високо ниво, како резултат на што ја дадоа својата целосна поддршка на централните власти во Багдад. Во меѓувреме Багдад запона да ги остварува своите закани така да Регионалната курдска управа на северот на Ирак беше принудена да се врати на линијата 2003.

Пешмергите кои ден пред интервенцијата на Багдад се зарекоа дека ќе се борат до последна капка крв, ги соблекоа своите униформи на улиците и изблегаа оној момент кога Багдад започна да ги остварува своите закани. Беа искинати посерите на Барзани, а симболите на Регионалната курдска управа на северот на Ирак се валкаа по уличната прашина. Регионалната курдска управа на северот на Ирак претрпе вистински пораз, а Киркук кој што Барзани планираше да го прогласи за главен град падна под контрола на централните власти за само неколку часа. Сонот за независност на властите на северот на Ирак остана за некоја друга пролет.

Киркук, како резултат на договор меѓу  Патриотската унија Курдистан и Багдад падна под контрола на  ирачката армија и Хашди Шаби. Сето ова резултира и со други молскавични промени. Ирачките сили ја презедоа контролата и во Тузхурмату,Дијала , на запад до северните и западните прдели на Мосул. На 20 октормври ирачката армија ја презеде контролата на линијата Ербил-Ќеркук и  туркменската населба Алтинќопру. Не само тоа,туку и Зумар кој што се наоѓа веднаш до браната, потоа граничниот премин Рабиа и северните предели на Ирак долж границата со Турција. Токму тука ирачката армија имаше 3 цели, опсадување на важните нафтени полиња, воспоставување контрола на линијата долж турско - ирачката и сириско-ирачката граница.

Барзани е единствениот виновник за овој пораз на Регионалната курдска управа на северот на Ирак. Тој не се осврна на заканите кои доаѓаа од Турција и од Иран, пред да се спроведе нелегитимниот референдум за независност. Не успеа добро да ја процени својата политичка и воена сила. Имаше многу голема доверба во Западот, не се поведе од разум туку од чувства, и како резултат на тоа го загуби Ќеркук.

Во сето ова време Турција и Иран не ги критикуваа централните власти во Багдад, туку напротив отворено ги поддржуваа. Анкара и Техеран со ништо не наговестуваа дека ќе ја прекинат поддршката на Багдад, дури повремено стануваше збор за поголема воена соработка меѓу Турција и Ирак.

Ако се погледне од овој агол, Турција ја даде сета своја поддршка на  официјален Багдад, Ќиркук инаку град претежно населен со туркменско население се ослободи од Регионалната курдска управа на северот на Ирак, што им дозволи на Туркмените слободно да дишат после толку долг временски период. Моментално изгледа дека официјален Багдад ја има контролата во Киркук, но се не е готово и во секој момент може да се случат нови судири.

Турција во меѓувреме соопшти дека директно ќе соработува со официјален Багдад, дека ќе се отвори нов граничен премин на турско-ирачката граница, и дека стариот граничен премин ќе им се отстапи на централните власти во Багдад. Сепак проблемот за Турија не се само дискутабилните региони или Киркук, туку таа стравува од можноста изпразенетите подрачја да не ги пополни терористичката организација ПКК. Јасно е дека ПКК ќе ја искористи оваа можност во своја полза, така да таа веќе започна со спроведување на сопствената пропаганда во овие региони. Зајакнувањето на ПКК може да резултира со дестабилизација на целиот Ирак, што значи дека Турција мора да внимава и во исто време уште повеќе да ја зајакне својата борба против тероризмот на ПКК.

 



Слични вести