Блискиот исток низ призмата на Турција 44/2017

Заканата од ДЕАШ на Блискиот исток и во Централна Азија

Блискиот исток низ призмата на Турција 44/2017

2017 година ќе остане запаметена како година на силни терористички напади на ДЕАШ како на Блискиот исток,така во Централна Азија и во Турција. Во последните дискусии кои што се водат во светот станува збор за засилените закани на ДЕАШ на Блискиот исток и во Централна Азија. Денес во рамките на серијалот Блискиот исток низ призмата на Турција ќе се заджиме токму на овие дискусии.

За темата имаме коментар на Џемил Догач Ипек предавач на катедрата за политички науки и меѓународни односи на универзитетот Ататурк.

.........................

Терористичкиот напад на ДЕАШ на ноќниот клуб Реина во Истабул на Нова година во 2016 година во кој загинаа 39 лица повторно го сврти виниманието на светската јавност кон Блискиот исток. Дури и денеска активностите на ДЕАШ во овој регион се сеуште актуелни теми за дискусија од проста причина што тие не стивнуваат. Во последно време се поставува прашањето дали ДЕАШ се сели кон Далечниот исток и во Централна Азија?

Многумина тврдат дека Централна Азија се претвори во нова база на ДЕАШ. Се поставува прашањето дали е тоа точно? Денес ќе се обидеме да го најдеме одговорот токму на ова прашање.

ДЕАШ до денес изврши безброј терористички напади,но во последно време многу се дискутира за националната припадност на терористите на ДЕАШ кои ги извршуваат овие напади. Но зошто се поставува тоа прашање? Пред да го дадеме одговорот на прашањето, да флиме поглед на тоа од каде ,од која земја ДЕАШ генерира милитанти.

Според податоците објавени во март 2016 година тоа изледа вака:

Тунис – 6500,

Саудиска Арабија – 2500,

Русија – 2400,

Јордан – 2250,

Турција- 2100,

Франција – 1700,

Мароко – 1350,

Либан – 800,

Египет – 800 и

Германија – 760.

Според едно истражување спроведено во 2015 година вака изгледа табелата на учествување во ДЕАШ на секои милиони жители:

Јордан – 315,

Тунис – 280,

Саудиска Арабија – 107,

Босна и Херцеговина – 92,

Косово – 83,

Туркменистан – 72,

Албанија – 46,

Белгија – 46,

Узбекистан – 33,

Шведска – 32,

Палестина – 28,

Данска – 27,

Таџикистан – 24,

Франција – 18,

Австрија – 17,

Холандија – 15,

Финска – 13,

Русија – 12,

Казахстан- 8,

Турција – 6 и

Киргистан – 5.

Во врска со прашањето се реализирани низа истражувања. А ние за пример зедовме две од кои првото истражување беше на Телеграф, а второто на Радио слободна Европа.

Сепак нема точни податоци за сето тоа, може само да се земат во обзир општите податоци како и статистиката која може да се добие преку интернетот.

Кога добро ќе се анализираат сите податоци ќе се забележи дека ДЕАШ се снабдува со милитанти скоро од сите земји од Централна Азија, но сепак тоа е минимално во споредба со земјите како што се Јордан, Тунис, потоа земјите од Северна Африка, Босна, Косово, Албанија и другите балкански држави.

Најголема причина е во тоа што повеќето од режимите во земјите од Централна Азија опстојуваат од пропагандите на база на стравот од радикалниот ислам и тероризмот. Оваа пропаганда им оди во прилог на властите во овие земји.

На пример Кина после 11 ‘сето септемвриските терористичките напади на Кулите близначки во Америка го информираше светот за ујгурското прашање и тоа преку радикалниот ислам и Ел Каиде. Што значи дека оваа пропаганда и оди во прилог на Кина. И Русија води една ваква политика, бидејќи тоа и ја засилува нејзината улога на силен актер во регионот.Сите тие средини кои не ги знааат генезите на овие политики, ги прифакаат како да се вистински па дури и ги шират. Оваа сотојба е евидентна и во Турција. Сите тие средини и групации кои што не се задоволни од мулти  димензионалната политика која ја води Турција како и од нејзиното ориентирање кон Централна Азија намерно ја шират оваа пропаганда.

Како одговор на прашањето дали постои опасност од тероризам во Централна Азија може да се каже Да постои. Но договорот ќе биде негативен на прашањето дали постои закана од ДЕАШ толку колку што тоа се преувеличува во турскиот и во светскиот печат.

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган во минатите месеци беше во посета на Узбекистан и таму го посети турбето на имамот Матуриди, основач на турско/суфиско/исламската школа Хабефи/Матуриди, која води битка против опасноста од ДЕАШ .Ова посета претставува важна порака како до регионот така и до светот.



Слични вести