Анализа 48/2017

НАТО,сојуз кој што треба да се преиспита

Анализа 48/2017

Северно атлантскиот сојуз НАТО, е организација формирана по Втората светска војна со цел да се спречи ширењето на Советскиот  сојуз и нејзината комунистичка идеологија. НАТО е формиран на 4 април 1949 година од САД, Велика Британија, Белгија, Франција, Холандија, Италија, Исланд, Данска, Луксембург, Норвешка, Португалија и Канада. Повеќе е познат како Западен блок. Турција на сојузот се приклучи во 1952 година. Целта на сојузот е воено да се одбранат членките пред било која евентуална закана или напад од Истокот. Во 1991 година,после распаѓањето на Источниот блок се почести стануваат дискусиите за тоа дали и колку има уште потреба од НАТО сојузот.

Неколку месеци подоцна со ирачката окупација на Кувајт, повторно се појави потреба од НАТО, пред бранот на тероризам.

Во истиот тој период светот дозна дека во Италија постоела илегална вооружена организација. Претседателот на Италија Џулио Андреоти на 24 октомври 1990 година призна дека во неговата земја делува организацијата Гладио.

Зборот Гладио во латинскиот јазик значи меч. Оваа организација која себеси се нарече Гладио беше формирана во 1952 година од страна на Стеј Бихајнд, инаку американска и британска контрагерила. Гладио беше финансирана од ЦИА а во 1956 година во соработка со САД беше обучена за шпијунажа и за герилска војна.

Со појавата на Гладио во светот се покренаа дискусии за тоа дека НАТО во одредени земји практикува нелегални воени методи.

Интересно е тоа што токму тогаш кога се водеа овие дускисии започна војната во Југославија.Оваа војна беше многу брутална и се претвори во вистиннски геноцид. Токму тогаш НАТО се претвори во надеж на сите дека ќе може да ја запре војната.

Нешто потоа се случија окупациите на Ирак и на Авганистан, а неколку години подоцна и крвавиот обид за воен пуч во Турција,реализиран од терористичката организација ФЕТО.

Турскиот народ на повик на својот лидер и претседател Реџеп Тајип Ердоган излезе на улиците, застана пред тенковите и го спречи пучот. Повеќето од офицерите кои го изведоа пучот пребегаа во земји членки на НАТО. Дел од овие високи турски офицери и покрај тоа што беа отстранети од редовите на турските вооружени сили, после пучот и понатаму продолжија со својата мисија во НАТО сојузот.

Дел од лицата кои турската полиција ги откри како терористи на ФЕТО,и понатаму беа присутни во одрфедени активности на НАТО. Згора на тоа тие редовно си примаа плати од НАТО. Како последно во сето ова неодамна на една воена вежба на НАТО се појави постер со ликовите на основачот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк и актуелниот претседател на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган, и тоа на воените возила на силите кои беа претставени како непријателски на маневрите.

Непријатно бевме изненадени кога по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули минатата година НАТО и другите турски западни сојузници не ги видовме да застанат покрај турскиот народ и да го поддржат.

Изненадувањето беше поголемо кога западните пријатели ширум ги отворија своите врати за офицерите пучисти.

Да фрлиме поглед на уште неколку настани кои ја покажуваат поврзаноста на НАТО со терористичката организација ФЕТО.

Четворица турски високи офицери и еден воен аташе во НАТО после обидот за воен удар на 15 јули се обратија до норвешките власти со барање азил, што им беше дозволено.

Мајорот Ахмет Ердоган, инаку експерт, кој ги потврди лажните документи на ФЕТО за верни сеуште престојува во Британија во Глочестер на улица Николсон слоуз Инсворд бр.15.

Адмирал Зеки Мустафа кој учествуваше во обидот за воен удар на 15 јули и кој беше на мисија во американската сојузничка команда, после пучот и понатаму продолжи со својата мисија во базата. И покрај тоа што беше оддалечен од редовите на турските вооружени сили,тој сеуште е активен во НАТО како адмирал. Моментално живее во Америка.

Хајретин Бахши поранешен директор на институтот за кибер безбедност во ТУБИТАК и осомничен за ФЕТО,кој е во бегство,беше експерт во судските спорови кои ги водеа јавните обвинители на ФЕТО против турските офицери. Бахши се појави во базата на НАТО во Естонија на кибер маневрите на НАТО сојузничките.

Пет турски високи офицери кои беа отстранети од турските вооружени сили после пучот на 15 јули беа откриени во базата на НАТО во Брисел. Белгиските власти ги прифатија нивните барања за азил.

Минатите месеци членот на ФЕТО и претседател на Руми Форумот Емре Челик беше поканет на Интерпарламентарната асамблеја на НАТО во САД. Емре во салата влезе во придружба на Даниел Пајпс претседател на блискоисточниот форум. НАТО не реагираше на тоа. Турската делегација во знак на протест ја напушти седницата. Истото го сторија и останатите делегации.

Дали и покрај толку докази овој сојуз сеуште нема да биде предмет на преиспитување?

Автор Ердал Шимшек



Слични вести