Блискиот исток низ призмата на Турција 49/2017

Саудиска Арабија : Дали се водат игри за престолот или се работи за трансформација ?

Блискиот исток низ призмата на Турција 49/2017

Во последните неколку недели во Саудиска  Арабија се реализираат досега невидени промени. Се поставува прашањето дали се тие резултат на сериозни игри за престолот или се работи за трансформација. За прашањето имаме коментар на Џемил Догач Ипек предавач на катедрата за меѓународни односи на универзитетот Ататурк.

На 4 ноември низ светот се прошири веста за серија апсења во Саудиска Арабија на чело со принцот Мухамед бин Селман. Апсењата се случија по формирањето на антикорупциска комисија во оваа земја. Десетици принцови, познати бизнисмени и високи воени лица беа уапсени во рамките на активностите за борба против корупцијата. Нивните сметки во банките беа замрзнати, беше направена измена во кабинетот и беа поставени нови лица на командните места во армијата.

Дали сиве овие случувања  наговестуваат коренити промени во Саудиска Арабија? Се смета дека зад овие храбри потези на апсењата стои лично принцот престолонаследник Мухамед кој е познат по својата чувствителност кога се работи за митото и корупцијата. Сепак очигледно дека тоа не е се. Принцот престолонаследник 32 годишниот Мухамед бин Селман кога ја презеде функцијата на почетокот на годинава покажа дека е решен да изврши одредени радикални промени. Овој негов став го донесе на спротивната страна од конзервативните средини. Можеби тоа е причината која стои зад серијата апсења на високи личности во неговата земја, можеби тој на тој начин сакаше да ги елиминира своите противници и ривали. Токму заради тоа одредени средини апсењата ги коментираат како игри за престолот во Ријад. За некои пак станува збор за трансформација, која требаше да се случи единствено на овој начин. Некои коментатори пак сметаа дека се работи за уште една американска операција во регионот.

Египет, Америка и Израел формираа сојуз, Катар се најде под низа економски санкции и притисоци, ситуацијата со Иран е на  работ на војна, во Саудиска Арабија се уапсија неколку принцови, високите свештеници во Саудиска Арабија започнаа да изрекуваат фетви, значи сиве овие настани се случија откога принцот Мухамед беше прогласен за престолонаследник во Саудиска Арабија. Сепак за сиве овие работи одлучува кралот Селман а нив ги извршува престолонаследникот Мухамед.

Со високите трошоци за одбраната Саудиска Арабија во последните години дава впечаток на земја која што се подготвува за војна. Се тврди  дека овие напори на Саудиска Арабија се поддржуваат од администрацијата во Вашингтон. Мнолгумина сметаат дека санкциите и притисоците врз Катар се само мерки за и оваа земја да се приклучи кон сојузот. Сепак најголема слабост на Саудиска арабија се внатрешните недоразбирања и расцепканоста. Принцот Мухамед  врз себе зеде големи ризици откога ја презеде престолонаследничката функција. Тој се соочува со низа проблеми како што се ривалството со Иран, воените дејствија во Јемен, соработката со САД и други така и да и најмала негова грешка во чекорите или проценката може да ја доведе земјата во опасност воедно и неговата кариера и иднината на неговото семејство.

Саудиска Арабија енергетски е богата и значајна земја. Секако дека одлуките кои ќе ги донесе Ријад ја засегаат како неа самата така и останатите земји, така да и најмала политичка промена може да резултира со силни потреси кои можат да доведат до секташки судири. Ете тоа е токму прашањето кое ситуацијата ја прави уште посложена отколку што де факто таа е.

Република Турција на сиве овие случувања во Саудиска Арабија засега гледа како на нејзино внатрешно прашање. На пример индикативна беше изјавата на Ибрахим Калин портпарол на Претседателството на Република Турција кој рече: „Како може да се промени менталитетот? Ете тоа се настојува да се направи во Саудиска Арабија. Значи има еден крал и потоа се прават одредени измени. Постои една визија за до 2030 година. Се надеваме дека ќе се доживее нешто позитивно во Саудиска Арабија.“

Најверојатно Турција наместо да биде страната во овој конфликт ќе се определи да ги заштити сопствените интереси. Приоритетно прашање за Турција е регионот на Северен Ирак и северна Сирија каде што се настојува да се формира творевината ПКК/ПЈД. Турција ги презема сите чекори за отстранување на оваа опасност и закана по нејзината национална безбедност.

Можно е Турција да преземе дипломатска иницијатива за решавање на оваа криза, поаѓајќи од нејзината определба и од надворешно политичките приоритети.

 



Слични вести