Турција води борба против тероризмот зад границите

Додека е во тек операцијата Маслиново гранче Турција се спрема на нови потези за целосно чистење на јужната граница од терористите.

Турција води борба против тероризмот зад границите

Актуелно 11/2018

Турција води борба против тероризмот зад границите

Во рамките на воената операција Маслиново гранче пределот околу Африн во Сирија кој што географски се наоѓа близу турско-сириската граница е скоро целиот исчистен од терористите на ЈПГ а во последните неколку дена ослободени се селата Џиндерс,Раџо,Шејх Хадид и Шеран.Тоа беше особено важно од аспект на безбедноста на турската граница и спречување на терористите да пукаат со хаубици и орудија со кус дострел на цели во Турција. Со тоа се спречија нападите на Рејханли и Килис кои ги изведуваа терористите од сириска страна.

Во врска со темата имаме коментар на Џан Аџун ,истражувач од СЕТА –Институт за политичко,економско и општествено истражување.

Еве што за тоа вели Џан Аџун:

 Со освојување на пограничниот појас се блокира патот пред терористичката организација ЈПГ/ПКК да се префрли на планината Аманос.Како што е познато ЈПГ/ПКК ја користи планината Аманос за префрлање од Африн кон Хатај во Турција.Тоа беше од исклучително значење за обезбедување на безбедноста на самата граница со Турција. Дури и во внатрешноста на Турција беа запленети големи количини на американско оружје наменето за ЈПГ/ПКК. Заради обезбедување на националната безбедност на Турција освен безбедноста долж границите секако дека е потребно да се запленат сите извори на финансирање на терористичката организација ПКК, како пари така и човечки ресурси.Турција преку реализацијата на воената операција Маслиново гранче на сите им стави до знаење дека нема да дозволи воспоставување коридор на теророт долж нејзината граница.

Африн е целосно под опсада со воената операција Маслиново гранче, но турските сили и силите на слободната сириска војска сеуште не го нападнаа самиот град. Милитантите на ЈПГ ги користат цивилите како жив штит и затоа ги спречуваат во нивната намера да го напуштат градот.Турски беспилотни летала снимија како милитанти на ЈПГ ги спречуваат цивилите да излезат од Африн. Чувствителноста на турската армија и на слободната сириска војска кон цивилите во Африн ги забавува во нивните намери да влезат во градот.

Додека е во тек операцијата Маслиново гранче Турција се спрема на нови потези за целосно чистење на јужната граница од терористите. Од една страна води преговори со Вашингтон за градот Мунбич во Сирија, а од друга води преговори со централните власти во Багдад за терористите во оваа земја.

Кога САД го зазеде Мунбич во соработка со Демократските сили на Сирија, тогаш вети дека ЈПГ ќе се повлече источно од реката Еуфрат и дека градот ќе го контролираат Арапите.Турција го прифати предлогот во надеж дека овој предел ќе биде исчистен од ДЕАШ, но се виде дека после офанзивата на Мунбич високи американски претставници  кои изјавија дека ЈПГ го напушти градот,дека сепак не ја говорат вистината, бидејќи милитанти на ЈПГ и на ПЈД ги нападнаа турските единици во текот на воената операција Штитот на Еуфрат.Турција е решителна и по воената операција Маслиново гранче подрачјето околу Мунбич да биде целосно испразенто од елементите на ЈПГ.

По решителниот став на Турција беа остварени низа средби со американски претставници на кои беше договорено да се формираат работни групи. Во овие работни групи требаше да дискутираат за тоа како да се надминат недоразбирањата меѓу Турција и САД и да се зајакне нивната соработка.Според постигнатиот договор турски и американски сили заедно ќе требаше да ја воспостават контролата и безбедноста во Мунбич.

Што се однесува до присуството на терористи во Ирак,Турција и тука е на страната на соработка соцентралните власти во Багдад. Се чека да завршат изборите во Ирак за и таму да се оствари воена офанзива против терористите. Бидејќи турските вооружени сили располагаат со способноста да се борат истовремено на два фронта тоа е можно и изводливо. Познато е дека ПКК е стационирана во пределите Духок, Загрос и Кандил во северот на Ирак, но во последно време е во фаза на ширење и тоа благодарение на ДЕАШ.ПКК дејствува и во Синџар во северот на Ирак, откаде контактира со терористите во Сирија.

Благодарение на најновиот концепт за борба против тероризмот Турција не само што се брани од тероризмот внатре во своите граници туку и надвор зад границата. Задграничните воени офанзиви на турската  војска против терористите не само што ја штити нејзината национална безбедност туку и безбедноста на соседните земји, но и пошироко на целиот свет.

Тоа беше коментарот на Џан Аџун ,истражувач од СЕТА –Институт за политичко,економско и општествено истражување на тема Турција води борба против тероризмот зад границите.



Слични вести